Пет лица обвинети во врска со смртта на Лиам Пејн

Пет лица се обвинети во врска со смртта на Лиам Пејн, меѓу кои и блискиот пријатели Роџер Норес.

Според аргентинското државно обвинителство, менаџерката на хотелот Гилда Мартин, вработениот во хотелот Естебан Граси и пријателот на починатиот пејач, Роџер Норес, се обвинети за убиство од небрежност, додека вработените Брајан Паиз и Езекиел Перејра се обвинети за снабдување со дрога.

Според информациите на аргентинскиот портал Infobae, судот наредил две од петте обвинети лица да бидат задржани во притвор. Тие се повикани да се појават во судот во рок од 24 часа.

Инаку, според последните информации, бројот на осомничени во истрагата е зголемен од три на пет лица. Пред неколку дена аргентинската полиција испратила покана за сослушување на неговата девојка Кејт Кесиди.

Полицијата објасни дека Кесиди не е осомничена, но се надеваат дека таа може да даде дополнителни информации кои би помогнале да се разјаснат околностите на неговата смрт.

Потсетуваме, три недели по смртта на Лиам Пејн, обвинителите во Аргентина ја отфрлија можноста за самоубиство како причина, наведувајќи дека најверојатно бил во несвест кога паднал.

Официјалните лица рекоа дека донеле одлука откако заклучиле дека Пејн најверојатно бил во несвест кога паднал од балконот на третиот кат на хотелот CasaSur Палермо во Буенос Аирес на 16 октомври, имајќи предвид дека имало недостаток на „рефлекси за преживување“.

реклама

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Музика

Ексклузивна репортажа од концертот на Џастин Тимберлејк во Милано

Read more

Шакира падна танцувајќи на својот хит

Read more

Која е најчесто користената песна во филмови?

Read more

Мадона позираше со 38 години помладиот нов дечко

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Џулија Робертс за филмот кој го смета за најлош во кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за The Pickup  - акциона комедија со Еди Марфи и Пит Дејвидсон

Читај повеќе

Новиот трилер со Метју Меконахи е базиран на вистински настани

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз стана Гинисов рекордер со Mission: Impossible 8

Читај повеќе

Ексклузивна репортажа од концертот на Џастин Тимберлејк во Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Mountainhead е одличен филм: Од кога ни е тешко да „свариме“ сатира?

Читај повеќе

Џеки Чен откри како успеал да научи англиски: На почетокот ништо не разбирав

Читај повеќе