Пет лица приведени за поседување дрога

Скопје, 11 август 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Иван Хаџиниколов“ синоќа во 22:10 часот го лишиле од слобода Д.С.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марухуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.

Синоќа во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ го лишиле од слобода Р.И.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.08.2020 во 22 часот во СВР Охрид биле приведени и лишени од слобода Д.Н.(24) и Г.Л.(26), двајцата од Скопје. При обид за преглед во близина на спортско игралиште во Охрид, тие почнале да бегаат од полициските службеници, по што еден од нив, исфрлил опаковка со таблетки. Таблетите, стои во соопштението од МВР, се одземени и предадени на вештачење, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.08.2020 во периодот од 17:30 до 18:05 часот, по претходна наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Гостивар, бил извршен претрес во дом и други помошни простории каде што живее К.П.(48) од Гостивар. При претресот биле пронајдени кутија со семки, повеќе таблетки, крушум и дробилка, кои се одземени за вештачење. К.П. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица Гостивар за понатамошна постапка, при што ќе следи и соодветен поднесок.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе