Пет лоши навики од кои мора да се одвикнете ако сакате убава кожа

Негата за кожата треба да биде на високо ниво доколку сакате таа да биде мека, нежна и убава. Но, негата не се состои само од купување и нанесување на скапи креми, туку за вистински убава кожа е потребно да се откажете од некои лоши навики.

Основните совети кои ќе ви ги даде секој дерматолог е дека треба да консумирате многу вода, да се храните здраво и да ја бришете шминката пред спиење доколку сакате да го одржите квалитетот на вашата кожа.

Сепак, за вашето лице да изгледа негувано, здраво и младо, потребно е да се потрудите малку повеќе. Најважно е да ги исфрлите лошите навики, бидејќи тие претставуваат најголем проблем во грижата за кожата. А кои се тие?

Избегнување на заштитниот фактор

Направете си услуга и престанете да го „прескокнувате“ овој совет како да не постои. Секојдневното користење на крема со заштитен фактор ќе ѝ помогне на вашата кожа полесно да се избори со штетните сончеви зраци и ќе ги одложи првите знаци на стареење.

Разговарање на телефон

Природните масла од кожата им помагаат на бактериите насобрани на екранот од телефонот полесно да се залепат за лицето. Најдобро би било да користите слушалки или пак редовно да го бришете екранот на телефонот со антибактериски марамчиња.

Спиење на една страна

Начинот на кој спиете влијае на создавањето на пори и брчки. Ако ја забиете главата во перницата, тогаш ќе добиете пори кои настануваат од спиење. Најдобро би било да спиете на грб, но ако тоа ви е тешко, тогаш можете да ја менувате страната на заспивање секоја вечер.

Груб пилинг за лице

Додека пилингот за лице е неизбежен чекор за постигнување на максимален ефект при грижата за вашата кожа, сепак вреди да се напомене дека премногу грубото триење само ќе ја иритира кожата и ќе има контра-ефект.

Стискање на мозолчиња

Колку и да звучи тешко, обидете се да се воздржите. Со стискање на мозолчињата само правите рани на кожата, кои можеби ќе остават и лузна. Применувањето на овие совети и истовременото избегнување на лошите навики ќе ве однесат чекор поблиску до чиста, здрава и убава кожа.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе