На мажите мора јасно да им дадете до знаење што ви се допаѓа, а што не во сексот.
Тешко е да се разберат мажите, особено кога станува збор за интимноста. Мажите можат себеси да се претстават на еден начин, а ситуацијата да биде поинаква зад затворени рати. Разбирањето на неговите емоции и начин на однесување ќе направи да воспоставите подобра врска со него – емотивна и физичка.
Мажите размислуваат многу за нивните сексуални заслуги, сакаат признание за работите кои ги прават и конкретно укажување на работите кои не ги прават баш најдобро.
За да ги подобрите работите во спалната соба ќе ви помогнат овие тајни:
- Мажите сакаат да им кажете што точно сакате во сексот, не ви ги читаат мислите.
- Мажите сакаат веднаш да преминат на работата.
- Мажите сакаат еден вид признание за вложениот труд со цел да ве задоволат.
- Мажите се многу свесни за својот сексуален ефект.
- И мажите се загрижени за изгледот на нивното тело.