Хроника

Пет маскирани и вооружени лица ограбиле казино во Порта Влае

23. јануари 2020 - 9:54 | МИА

Скопје, 23 јануари 2020 (МИА) – Петмина маскирани и вооружени разбојници со автоматски пушки ограбиле казино на „Адмирал“, на булевар „Партизански одреди“ во Порта Влае.

Разбојниците ги одзеле парите од дневниот пазар и побегнале. Случајот во полиција бил пријавен утрово во 6:27 часот. 

Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Коментирај