Мобилни

Пет милијарди луѓе користат мобилни

19. јуни 2017 - 21:38 | Б.С.Б.

Според последната анализа на GSMA Intelligence, 5 милијарди луѓе во светот користат мобилни уреди. Тоа е две третини од светското население, пренесува Digital Trends.

Во склад со тоа, пропорционално расте и бројот на продадени мобилни телефони, додека расте и бројот на корисници на социјални мрежи. Во САД Facebook користат повеќе од 230 милиони луѓе, а по нив следува Индонезија со 117 милиони активни корисници.

Вкупниот број на Facebook корисници е 1,9 милијарди, што претставува пад од 2,5 проценти. Кинеските корисници и понатаму користат алтернативи на Facebook, најпопуларна социјална мрежа е WeChat со 870 милиони луѓе.

Во Европа, 86 проценти од луѓето имаат мобилни телефони.

Коментирај