Фит

Пет минути пилатес за жените кои поминуваат многу време во седење

8. август 2017 - 16:08 | А.С.

Претераното седење не е здраво и го зголемува ризикот од разни болести, како и од дебелеење. Редовната физичка активност е важна за поништување, до одредена мера, на негативните последици од постојаното седење.

Сепак, имајте на ум дека не може да се надомести штетата од седењето со часови, без пауза за истегнување и раздвижување. Затоа е важно да правите кратка пауза на секои 20-тина минути и да се посветите на вежбање за затегнување на мускулите и подобрување на циркулацијата.

Овие петминутни пилатес вежби се идеални за жени кои поминуваат голем дел од денот во седечка положба.

Вежби за грб

Седнете со нозете раширени малку повеќе од ширината на колковите. Рацете отворете ги широко и ротиратјте го горниот дел од телото налево и надесно.

Ножички

Легнете на грб и подигнете ја едната нога, фатете ја за зглобот, додека другата лежи исправена. Подигнете ги торзото и главата што е можно поблиску до кренатата нога.

Истегнување

Седнете со раширени раце и нозе. Со левата рака допрете го десното стапало така што карлицата да ви остане на подот и не ги виткајте колената. Повторете ја вежбата со спротивната рака и нога. Вежбата правете ја лесно и полека, без нагли движења.

Сирена

Седнете во позиција на буквата Z, така што едната нога е пред вас, а другата зад вас. Кренете ја едната рака, земете длабоко воздух и свиткајте ја на спротивната страна преку глава. Обидете се да не го виткате торзото. Вратете се во почетна положба и повторете со другата рака.

Повторете ги вежбите во серии од 3 до 5 пати во зависност од времето на располагање и вашата физичка спремност.

Коментирај