Пет митови за кондомите

Иако на кондомите одамна се гледа како на најпопуларното средство за контрацепција и за нив сѐ се знае, многумина сепак веруваат во некои митови околу „гумениот заштитник“.

Бидејќи сакаме работите да бидат појасни, денеска ќе побиеме неколку од најпознатите митови за кондомите.

Кондомот (или презерватив, како што го знаат некои) е средство за контрацепција во најширока употреба. Освен што штити од несакана бременост, има голема улога и во спречувањето на некои сексуално преносливи болести. Но, не верувајте во сѐ што ќе слушнете за него.

„Лубрикантот ќе го спречи пукањето на кондомот“

Еден од најпознатите митови за кондомите е оној дека со ставање лубрикант на кондомот ќе се спречи неговото пукање. Всушност, ова е многу погрешно, бидејќи лубрикантите на база на масло и петролеум можат да го уништат кондомот.

„Кондомот штити од сите сексуално преносливи болести“

Кондомите не се доволна заштита, бидејќи тие се немоќни против гениталниот херпес, HPV и сифилис. Тој не е доволна заштита ниту за херпес тип 2, ниту за херпес тип 1 (орален херпес), за кој неодамна беше откриено дека може да се пренесе преку сексуален акт.

„Ако сте алергични на латекс не можете да користите кондом“

Всушност, можете. Постојат кондоми кои не се произведени од латекс, туку од полиуретан и полиизопрен.

„Кондомите треба да се носат во паричник“

Повторно, ова е погрешно. Барем на некој начин. Предолгото држење на кондомите во паричникот може да придонесе кон истенчување на материјалот и на него да се направат мали дупчиња, кои сигурно не ги сакате таму.

„Два кондоми одеднаш = двојна заштита“

Напротив, користењето на два кондоми одеднаш ја намалува заштитата. Зошто? Па, затоа што предизвикува повеќе триење и со тоа се зголемува можноста едниот (или двата кондоми) да пукне.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Живот

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more
 

Магазин

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе