Пет начини да дознаете дали партнерот ве изневерува

Ако сте загрижени дека некој не е искрен во односот со вас постојат неколку начини според кои може да се открие дали некој е искрен, пишува Business Insider.

За жал, науката не може да утврди дали вашиот партнер ве изневерува, но може да помогне при откривањето на искреноста на некоја личност.

Еве неколку начини што можат да откријат дали партнерот крие нешто:

1. Прашајте пријател

Другите луѓе, па дури и непознати, имаат чудна способност да забележат дека нешто не е во ред во нечија врска. Психолозите од Универзитетот Биргам Јанг ја тестирале оваа идеја така што на паровите им задале задачи да нацртаат предмети. Едниот од партнерите цртал со заврзани очи, додека другиот му давал упатства. Пред почетокот на експериментот научниците на луѓето им поставувале прашања за нивната врска, дали некогаш го изневериле партнерот и слично. Луѓето, кои подоцна ги гледале снимките од паровите, точно погодиле ги погодиле партнерите кои мамеле во врската. Надворешниот набљудувач може да забележи неверство или несреќен пар, тоа е заклучокот на студијата. Така што, ако веќе сте забележале дека нешто не е во ред, слободно прашајте пријател, тој веројатно веќе забележал или знае нешто.

2. Размислувате за тоа додека работите нешто друго

Обично, луѓето несвесно лошо расудуваат за нечиј карактер. Но, кога имаат  време потсвесно да анализираат нечие однесување, тогаш се подобри во процената.

Во 2013 година тим психолози на група студенти им дале улоги на порота која ги набљудувала луѓето во текот на судење, и одлучувала дали луѓето лажат или ја говорат вистината. Студентите кои имале повеќе време да размислат и одлучат биле подобри во процената. Овие истражувања укажуваат на тоа дека човечкиот мозок не може да ја утврди лагата или вистината, но ако го насочи вниманието кон тоа може да открие дали некој лаже или не.

3. Слушајте ги внимателно зборовите што партнерот ги користи

Универзитетскиот професор Џејмс Пенебејкер проучувал податоци од програма за анализа на текстови собрани заедно со неговата колешка Дајана Бери. И двајцата откриле дека биле користени поединечни специфични јазични обрасци во распознавањето на тоа дали некој лаже. Резултатите покажале дека лажговците во многу помала мера ги користат овие три типа на зборови:

- Во прво лице: јас, мене или мојот

- Когнитивни зборови: сфатив или мислам               

Зборови како: но, освен.

Затоа пак, користат зборови како овие со:

- Негативна емоција: мразам, лутина, непријател

- Глаголи за движење: оди, се движи

4. Обрнете внимание на социјалните мрежи

Дали вашиот партнер минува повеќе време на Twitter или на Facebook отколку во разговар со вас? Неодамнешните истражувања покажале дека луѓето кои се активни на социјалните мрежи се склони на конфликти со партнерите и тоа го доживуваат како неверство, раскинување па дури и развод.

Студија спроведена од Универзитетот во Мисури покажала дека колку повеќе луѓето минувале време на Twitter, толку полоши станувале нивните врски така што резултирале со прекин.

5. Промена во расположението

Знак дека вашиот партнер лаже е неможноста за зборување што се случува одеднаш. Ова се случува бидејќи нашиот нервен систем често реагира на стрес така што устата одеднаш ни се суши. Втората работа е нападот како најдобра одбрана, па на тој што лаже полесно му е да нападне отколку да одговори, смета Филип Хјустон, ветеран на ЦИА.

Во 2011 година е објавена студија на Едвард Гизелман, професор по психологија од Универзитетот УКЛА, кој вели дека луѓето кои лажат често го повторуваат прашањето пред да одговорат за да си дадат време за смислување на одговор.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Љубов и секс

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе