Пет најчести грешки во CV за работа

Работната биографија на најдобар начин ве претставува вас и вашето искуство пред да имате можност да се видите со идниот работодавец очи в очи. Меѓутоа, искуството не е доволно за да го импресионирате и има некои грешки што многу луѓе ги повторуваат во нивното CV.

Тина Николаи е експертка за човечки ресурси и има работено во овој оддел во компанијата „Walt Disney“. Денес води компанија што се занимава конкретно со „средување“ CV-ја.

Таа истакнува дека додека работела во „Disney“ прочитала повеќе од 40.000 CV-ја и решила да ги издвои најчестите и најлошите грешки што ви ги уништуваат шансите да бидете повикани на интервју.

Неуредност

Кога станува збор за работната биографија, прво што паѓа во очи е дали е уредна, напишана со еден фонт, хронолошки подредена, без печатни грешки, информативна и прегледна. Мрзливоста честопати е причина да не ажурираме некои податоци во нашето CV што се смениле од последниот пат кога сме аплицирале за работа или некаков курс или семинар. А мрзливоста не е особината што сакаме да ја покажеме, нели?

Претрупаност

Вашето CV треба да биде прегледно и да ги содржи најважните податоци со податоци за претходните работни искуства и вештини релевантни за работното место за кое аплицирате. Нема потреба да ги спомнувате сите работни позиции и квалификации, особено ако не се во контекст на работата што ја барате. Така може само вашите позитивни и релевантни квалитети да се изгубат во метежот.

Користите премногу звучни зборови

Овие зборови нема да ве направат попаметни или поспособни, туку само „бодат очи“ во CV-то што инаку можеби е совршено. Не ви требаат популарни изрази како: тимски играч, комфор-зона, дигитален, визионер, визуелен тип... Држете се до фактите и карактеристики што знаете да ги објасните.

„Одговорен за“

Ова е уште една грешка што се прави од мрзливост. Во списокот со одговорности на претходните работни места, не почнувајте потточка со „одговорен за“, тоа само го опишува работното место и задачата, што не значи дека вие сте го правеле тоа, нели?

Претерана формалност

Овој дел можеби повеќе се однесува на пропратното или мотивационо писмо што обично се испраќа заедно со работната биографија, или едноставно на содржината на пораката што ќе ја пратите по e-mail. Не бидете премногу формални во вашето обраќање, сепак за работната позиција се бара човек, не машина.

Исто така, под „активности“ или „специјални вештини“ слободно наведете го вашето хоби, интереси или необична вештина, како планинарење, везење, грнчарство, хортикултурно уредување... Тоа секогаш им дава дополнителна доза „карактер“ на едноличните работни биографии и ќе ве издвои од мнозинството.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе