Пет најчести митови поврзани со сексот

Сите имаме слушнато еден куп митови за сексот и сексуалното уживање, за мастурбирањето и забременувањето, најчесто во тинејџерските денови.

Овие митови најчесто ги разбиваме со образованието и искуството што ги стекнуваме ни животот, но дел од нив зажал, продолжуваат да „живеат“ и во нашите возрасни животи. Овие митови не само што го попречуваат сексуалното задоволство, туку може да доведат до неодговорно сексуално однесување.

Ова се пет секс митови што конечно треба да престанат да се шират:

МИТ: Хименот е единствен доказ за „невиноста“ на жената

Со векови важело „правилото“ дека ако жената прокрвари при првиот сексуален однос, тоа е доказ дека тогаш ѝ се скинал хименот и дека била „невина“. Хименот е мембрана на отворот на вагината и неговата форма, текстура и големина е различна кај секоја жена. Исто така, оваа мембрана не ја затвора вагината целосно, а има и жени кои се родени без химен и има случаи во кои хименот целосно го покрива вагиналниот отвор, па потребно е хируршки да се отвори.

Вагиналниот сексуален однос за некои девојки и жени е болен процес, додека кај други може да помине сосема безболно и без значително кинење на хименот и може да нема никакви знаци на крварење.

МИТ: Менструацијата е бариера за забременување

Еден од најчестите митови е дека жените не може да забременат ако имале секс додека имаат менструација. Точно е дека веројатноста за забременување во овие денови е многу мала, но сепак постои.

Веројатноста да забремените по незаштитен сексуален однос додека имате менструација зависи од тоа колку ви трае циклусот. Кај повеќето жени, менструалниот циклус трае просечно 28 дена. Обично, крварењето трае 3 до 5 дена и тогаш се исфрлаат неоплодените јајце-клетки.

Жените се најплодни кога овулираат, односно кога се формираат нови јајце-клетки во јајниците. Овулацијата обично трае 12-16 дена пред почетокот на следниот циклус.

Меѓутоа, некои жени имаат пократок циклус, што значи дека фазата на овулација кај нив се случува порано.

Исто така, спермата може да живее во човечкото тело до 5 дена, што значи дека ако тајмингот е погоден, спермата може да навлезе во женското тело и доволно долго да преживее за да ја оплоди јајце-клетката.

Затоа, ако сакате со секс да ги ублажите менструалните болки, користете кондом.

МИТ: Не е оргазам ако не е вагинален

Овој мит најверојатно најмногу се должи на преувеличениот идеал што го шири комерцијалната порноографија. За жал, има многу мажи и жени кои веруваат дека оргазмот е исклучиво вагинално доживување што се постигнува со репетитивна пенетрација.

Секако, не постои еден „рецепт“ за тоа како да ѝ пружите оргазам на вашата партнерка, но секој сексолог ќе ви каже дека стимулацијата на клиторисот покрај вагиналната пенетрација може многу да помогне.

Кај некои жени, вагиналната пенетрација не придонесува за оргазмично доживување, иако уживаат во сексот, и можат да доживеат само клиторичен оргазам.

МИТ: Мастурбирањето е штетно

Има неколку подмитови поврзани со овој: најчестиот, оној од тинејџерските денови, е дека може да ослепеш или да предизвикаш еректилна дисфункција од мастурбирање (за мажите)  или дека може да се јави сексуална дисфункција (кај жените).

Не се секирајте, ништо од ова нема да ви се случи како последица од мастурбација.

Напротив, мастурбирањето ви помага подобро да го осознаете вашето тело, вашите сексуални потреби и дразби, што ќе и помогне во постигнување сексуално задоволство со партнерот.

Исто така, мастурбацијата може да помогне во ослободување од стресот, особено во моменти кога немате партнер/ка.

МИТ: Сексот лошо се одразува на физичката подготвеност  на спортистите

Ова е еден од најшироко распространетите митови за кој најголема „заслуга“ има филмската индустрија каде секогаш било прикажувано дека тренерите и менаџерите ги ставаат во карантин врвните спортисти пред важен натпревар, за да не се „истрошат“ со секс.

Вистината е дека сексот, како и секоја друга физичка активност, ќе ви ја подобри издржливоста, кондицијата и подготвеноста, а не обратно.

Некои истражувања покажале дека овој мит нема врска со физичкиот аспект на сексот, туку со тоа како сексот делува на состојбата на умот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Љубов и секс

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Read more

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе