Пет најчести намирници кои ви го забавуваат метаболизмот

Метаболизмот е клучен за губење на тежината и целокупното здравје, и иако е под влијание на фактори како што се генетиката и возраста, исхраната игра значајна улога во неговото правилно функционирање.

За жал, многумина од нас несвесно развиваат лоши навики во исхраната кои можат да го забават нашиот метаболизам, што доведува до таложење на маснотии и зголемување на телесната тежина. Овие намирници треба да се консумираат што е можно помалку.

Слатки

Слатките, без разлика дали се овошни бонбони или чоколадни задоволства, може да предизвикаат скок на шеќерот во крвта, што го стимулира зголеменото производство на инсулин. Ова може да доведе до бавен метаболизам и акумулација на маснотии. Слатките често содржат висок процент на шеќер и вештачки состојки, а малку влакна, што може да ја наруши рамнотежата на цревната микрофлора и да предизвика дигестивни проблеми, воспаление и побавен метаболизам.

Бел леб

Белиот леб, кој се прави од рафинирано брашно, често се поврзува со забавување на метаболизмот бидејќи содржи висок гликемиски индекс, што предизвикува скок на инсулинот. Дополнително, рафинирањето ги отстранува влакната и многу хранливи материи, што ги прави хранливите материи од белиот леб сиромашни.

Јогурт со вкус

Иако често се рекламираат како здрава ужинка, јогуртите со додадени шеќери и вештачки вкусови можат негативно да влијаат на метаболизмот. Високата содржина на шеќер може да предизвика отпорност на инсулин и да ги наруши нормалните метаболички процеси. Како замена, земете обичен грчки јогурт без додаден шеќер и засладете го со природни состојки како свежо овошје или мед.

Преработено месо

Преработените месни производи како колбаси, салама и други месни деликатеси често содржат висок процент на заситени масти и адитиви, кои можат да предизвикаат воспаление во телото и да го забават метаболизмот. Можете да го замените со поздрави алтернативи како свежо овошје, јаткасти плодови или грчки јогурт.

Житарици со многу шеќер

Иако се популарни како опција за брз појадок, слатките житарици содржат големи количини на шеќер и рафинирани јаглехидрати кои можат негативно да влијаат на метаболизмот и да доведат до зголемување на телесната тежина. Наместо тоа, користете поздрави опции како овесна каша, грчки јогурт со овошје или житарици од цели зрна со минимален додаден шеќер.

Тагови
реклама

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Живот

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Read more

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Read more

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Read more

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Read more
 

Магазин

Што е микроневерство и колку е опасно?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Читај повеќе

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Читај повеќе

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Читај повеќе

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Читај повеќе

Како да ослабете со медитеранска диета? 

Читај повеќе

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали е задолжително да се истегнете пред тренинг?

Читај повеќе

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Читај повеќе