Пет најопасни авиокомпании во светот

Порталот „AirlineRatings.com“, кој користи спектар на критериуми за да ја утврди безбедноста на одредени авиокомпании, направи листа од оние кои добија само една од вкупно пет ѕвездички.

Air Koryo

Националната авиокомпанија на Северна Кореја е една од најнебезбедните во светот. За разлика од останатите на оваа листа, авионите од оваа авиокомпанија не доживеаја ниту една несреќа, а исто така таа има и IOSA сертификат, кој е интернационално признат. Па, зошто тогаш има вака лоша оценка? Имено, Air Koryo доби забрана за летање во Европската Унија во 2006 година, поради загриженост за исправноста на нивните авиони. Додека еден дел од нив започнаа да ги исполнуваат светските стандарди, поголемиот дел од нивните авиони и понатаму се забранети. Исто така, авионите кои Северна Кореја ги користи се произведени во Русија, што автоматски им ја намалува оценката на „AirlineRatings.com“.

Blue Wing

Ова е авиокомпанија со седиште во Суринам, мала држава во Јужна Америка. Повеќето од летовите се локални, меѓутоа има и летови на релации до Бразил и Венецуела. Оваа авиокомпанија доби една ѕвездичка поради големиот број на несреќи од 2009 година па наваму. Веќе во 2010 година и е забрането летањето во Европската Унија. Blue Wing доживеа три големи несреќи во последните десет години - 2008, 2009 и 2010 година. Во две несреќи починаа сите патници на летот, а третата резултираше само со повреди на патниците. Авиокомпанијата за ова ја обвинува лошата инфраструктура на аеродромот, односно тешкотиите при слетувањето на авионите.

Nepal Airlines

Националната авиокомпанија на Непал е полоша дури и од погоре наведените. Не исполнува ниту еден критериум за безбедно слетување, а нејзините летови во ЕУ се забранети од 2013 година, поради големиот број на несреќи. Една од нив беше посебно трагична. Имено, во 2000 година се сруши авион на оваа авиокомпанија, а животот го загубија 22 патници и тројца членови на екипажот. Пред четири години во слична несреќа умреа 18 луѓе, а истрагата покажа дека причина за падот на авионот е недостатокот на координација и одговорност на екипажот, целото тоа во комбинација со лошите временски услови кои преовладувале.

Trigana Air

Оваа авиокомпанија се наоѓа во Индонезија, а токму како и Nepal Airlines, ниту таа не исполнува ниту еден критериум за безбедност. Интересно е тоа што во 2007 година ЕУ ги забрани летовите за сите авиокомпании кои се наоѓаат во Индонезија. Само неколку во меѓувреме добија дозвола. Но, во тие не влегува Trigana Air, авиокомпанијата која имаше дури 14 големи несреќи. Десет од тие несреќи се означени како „Hull loss“, што е термин кој се користи кога авионот е толку оштетен, што поправка едноставно не е возможна. Најкатастрофалната несреќа се случи во 2015 година, кога авион се сруши во рурална населба, кога починаа 49 патници и пет членови на екипажот. Во прашање беше грешка на пилотот.

Yeti Airlines/Tara Air

Летањето на Хималаите е опасна работа. Станува збор за уште една непалска авиокомпанија која се најде на оваа неславна листа. Во последните осум години таа забележа девет фатални несреќи, а и нејзините летови се забранети во Европската Унија. Yeti Airlines всушност е сопственик на компанијата Tara Air,  а и двете се наоѓаат на листата бидејќи исполнија само три од осумте најважни критериуми за безбедност, додека и двете имаат заедничка историја на несреќи и мешање на пистите при слетување. И покрај тоа, овие две компании имаат најголем број на авиони во Непал, што значи дека туристите во Непал имаат големи шанси да завршат во некој од нивните авиони.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе