Здравје

Пет намирници кои во текот на зимата го регулираат шеќерот во крвта

18. декември 2019 - 11:11 | М.С.

 Со оглед на тоа дека во текот на зимата нема сезонско овошје и зеленчук кои се карактеристични за летото, постојат многу здрави намирници кои може да ги користите за зајакнување на имунитетот. Овие намирници им помагаат на луѓето коишто имаат дијабетес за да ја држат болеста под контрола.

Лекарите советуваат дека во ваквите услови, оброците треба да ги поделите во неколку мали порции и да избегнувате шеќер, конзервирани производи и брза храна.

Кои намирниците треба да ги јадат дијабетичарите за да ја одржат посакуваната вредност на шеќер во крвта?

Леблебија

Оваа намирница е богата со протеини и растителни влакна. За протеините и влакната е познато дека создаваат чувство на ситост, па доколку ги консумирате, нема да имате потреба да јадете грицки и слатка храна.

Лековитите својства на леблебијата исто така влијаат на регулирање на шеќерот во крвта.

Цвекло

Цвеклото содржи фолна киселина, витамини, влакна, манган и калиум. Направете салата од производите што ги имате во фрижидер; хранливите состојки на цвеклото, брокулата, оревите, целерот и јаболките имаат одлично дејство на вашето тело, но не треба да додавате шеќер во салатата.

Сладок компир

Оваа намирница потекнува од Блискиот Исток и го регулира нивото на шеќерот во крвта и ја намалува желбата за внес на слатка храна.

Слаткиот компир може да го најдете во различна боја и облик, а е богат со витамини, минерали, антиоксиданти и влакна. Сè што треба да направите е да го сварите, излупите, исечете на кришки и додадете лимонов сок.

Јаткасти плодови

Оревите се состојка во многу десерти ширум Балканот, а одлично се сложувааат и со другите намирници. Направете зелена салата и додајте малку бадеми, ленено семе, семки од сончоглед, чиа семе.

Стапчиња од морков и хумус

Морковот е познат по тоа што го намалува холестеролот во крвта и ја намалува можноста за заболување од рак. Содржи малку јаглехидрати и ниско ниво на калории. 

Излупете го морковот, исечете го на подебели парчиња и комбинирајте го со хумусот.

Коментирај