Пет научно-фантастични филмови без визуелни ефекти

Повеќе од било кој друг филмски жанр, на научната-фантастика ѝ се потребни визуелни ефекти за во целост да ја долови приказната и да биде уверлива за гледачот. Но, не секогаш. Понекогаш филмските работници знаат на вистински начин да ги имплементираат сите елементи во нивното дело, така што нема потреба од дополнителни визуелни ефекти.

Холивудските блокбастери имаат огромни буџети од 100-200 милиони долари и затоа не би требало да ве чуди што секогаш изгледаат совршено. Но, оние филмови со помали буџети не можат да си дозволат да најмат огромни екипи кои ќе работат на нивните специјални ефекти, туку мора да импровизираат.

Во одредени случаи не се ни работи за недостаток од буџет, туку за креативен избор на сценаристот или режисерот, кој се решава да ја постави сцената на тој начин што нема да има потреба од визуелни ефекти. Ова се пет од најдобрите примери за научно-фантастични филмови во кои не се употребени визуелни ефекти.

„Primer“ (2004)

Најдобриот пример за научно-фантастичен филм без визуелни ефекти е „Primer“ на режисерот Шејн Керут. Во него се силно застапени научниот и фантастичниот елемент, но поради ултранискиот буџет од само 8.000 долари, целата приказна е пренесена преку технички и стручен дијалог наместо да се потпира на компјутерски генерирани визуелни ефекти.

„Alphaville“ (1965)

Францускиот режисер Жан-Лук Годард преку „Alphaville“ покажува не само како се прави еден научно-фантастичен филм, туку одржува лекција за изработка на безвременски филм. Покрај тоа што не користи визуелни ефекти, Годард не користи ниту вистински сетови, туку целиот филм е снимен на локации во неговиот омилен град, Париз.

„Coherence“ (2013)

Сместен во интимниот простор на организирана пријателска вечера, ликовите во овој научно-фантастичен хорор добиваат впечаток како надворешниот свет да не постои. „Alphaville“ е дело на Џејмс Ворд Биркит и до максимум го искористува просторот за да направи гледачот да се почувствува непријатно во својата кожа.

„The One I Love“ (2014)

Наместо визуелни ефекти, режисерот Чарли Мекдауел реши да го направи неговиот филм „The One I Love“ зависен од атмосферата и околината, што го прави филмот пореален и допадлив за широката маса. Во главните улоги се појавуваат Марк Дуплас и Елизабет Мос, кои глумат сопружници чија врска е во криза.

„Resolution“ (2012)

Филмот го следи главниот лик Питер, кој патува до една колиба среде пустелија за да му помогне на неговиот другар Крис да се откаже од зависноста од тешки и опасни дроги. Специјалните ефекти во овој филм се толку минимални (зборуваме за неколку филтри на сликата и еден кадар кој има визуелен ефект) што само ни покажува колку е важна суптилноста кај ваквите илмови.

реклама

Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро

Read more

Скопјанец организирал фудбалски турнир непочитувајќи ги мерките за заштита од COVID-19

Read more

Чеферин: Во иднина нема да се повтори Ф8 форматот

Read more

Малку допири, многу уживање: Идеална секс поза за летните денови

Read more

Филм & ТВ

Disney го згасна брендот „20th Century Fox“

Read more

Искрен трејлер за „Starship Troopers“

Read more

Научно-фантастичната серија „Raised by Wolves“ доби нов трејлер

Read more

Двејн Џонсон втора година по ред најплатен актер во светот

Read more

Сцена

Disney го згасна брендот „20th Century Fox“

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за „Starship Troopers“

Читај повеќе
  • play_arrow

Научно-фантастичната серија „Raised by Wolves“ доби нов трејлер

Читај повеќе

Двејн Џонсон втора година по ред најплатен актер во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најдобри борбени сцени со Киану Ривс

Читај повеќе

Џаред Лето ќе го глуми Енди Ворхол

Читај повеќе

Антонио Бандерас позитивен на коронавирусот: Роденденот го славам во карантин

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

Среќен роденден, Антонио Бандерас!

Читај повеќе