Пет навики кои го забавуваат губењето маснотии во пределот на стомакот

Одредени животни навики може да го отежнат, па дури и невозможното губењето на салото од стомакот, а некои од нив се: седење по цел ден, пушење, прекумерно консумирање храна, лош сон и погрешен избор на вежби.

Висцералните масти се поврзани со зголемен ризик за голем број здравствени проблеми, вклучувајќи дијабетес тип 2, хипертензија, срцеви заболувања, висок холестерол, заболување на замастен црн дроб, метаболички синдром и поголема смртност.

Поради ова, многу луѓе се подложени на различни методи за слабеење, но одредени навики можат да го забават процесот.

Според лекарите, следните 5 навики го забавуваат губењето на салото од стомакот:

Целодневно седење

Поминувањето неколку часа дневно во седечка положба е прилично нездраво и е фактор на ризик за хронични болести, како што се дијабетес тип 2 и срцеви заболувања, велат лекарите. Со користење на техники за МРИ и монитори за физичка активност, истражувањата покажаа дека колку повеќе време поминуваме во седечка положба, толку е посилна поврзаноста со повисоките нивоа на внатрешни и стомачни маснотии. Ова е особено така ако долгите периоди на седечко однесување биле непрекинати.

Прекумерна консумација на храна

Иако губењето на тежината е покомплицирано отколку едноставно внесување и изнесување калории, јадењето повеќе отколку што согорувате ќе го забави губењето на маснотиите. Јадете 500 до 1.000 калории помалку отколку што согорувате во еден ден за да изгубите и до половина килограм неделно, сугерира Центарот за контрола и превенција на болести во Обединетото Кралство.

Лош сон

Лишувањето од сон (спиење помалку од 7 часа навечер за здрави возрасни лица) ќе го забави губењето на тежината во стомакот. Истражувањата покажуваат дека, дури и кај млади, здрави и релативно слаби субјекти, лишувањето од сон е поврзано со зголемен внес на калории, многу мало зголемување на телесната тежина и значително зголемување на акумулацијата на абдоминалните масти.

Погрешен избор на вежби

Што се однесува до согорувањето на салото на стомакот, експертите препорачуваат редовни аеробни вежби. Тренингот со отпор е одличен за подобрување на силата и зголемување на чистата телесна маса, но ако сакате да ги намалите мастите од стомакот, аеробното вежбање е подобар избор бидејќи согорува повеќе калории.

Пушење

Пушењето може да доведе до зголемување на висцералните масти, покажуваат бројни студии. Тутунот влијае на распределбата на маснотиите преку хормони како што е кортизолот, кој го зголемува таложењето на маснотиите во стомакот.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе