Како да не доцните веќе никогаш и никаде?

Ако сте од оние луѓе што постојано доцнат секаде, на работа, на состаноци, на кино, време е да престанете со изговори и да прифатите дека сте неодговорна личност.

Покрај тоа што покажувате непочитување за туѓото време, исто така ги поместувате плановите на многу луѓе, оставате лош впечаток и само си го зголемувате нивото на стрес.

Иако можеби ви се чини дека понекогаш тргнувате предвреме или навреме, сепак поголемиот дел од времето доцните, а тоа се должи на две работи: немање перцепција за време и немање чувство за одговорност.

Доцнењето може да ви се одрази на односите со другите луѓе, но и на вашето работно место каде може да бидете казнети или уште полошо, отпуштени.

Сепак, има надеж.

Ако долго време сте биле „дежурен доцнач“, не значи дека така ќе биде секогаш. Со промена на навиките можете да го смените и вашето однесување.

Признајте дека доцните

Како и за секој друг проблем, признавањето е првиот чекор кон решението. Не бидете од оние луѓе кои постојано имаат изговори за нивното доцнење (метеж во сообраќај, заборавена пегла, губење „осет за време“, непланирана средба по улица...) Признајте си дека доцните, извинете се и почнете да работите на решавање на проблемот.

Лоши навики

Повеќето доцначи имаат лоша перцепција за време, односно колку време им треба да направат нешто. Почнете да го мерите времето што ви е потребно да направите и испиете кафе наутро, да се истуширате и подготвите за излегување, колку време ви треба пеш (на патики и на штикли!) за да стигнете некаде, колку време возите до одредена дестинација и слично. И на тоа време секогаш додадете некоја минута.

Направете распоред на обврските

Ако имате договорено повеќе од една средба, оставете си простор од 5-10 минути плус од времето потребно да стигнете од едното на другото место. Имајте ги предвид и работите кои не зависат од вас. Проценете точно колку време ќе ви одземе некоја обврска, како застанување до трафика, фрлање ѓубре и слично. Вие сте возрасна личност, планирајте ги вашите обврски.

Наместете аларм

Не зборуваме само за аларм за будење, туку и аларм кога треба да излезете од дома или од работа. Исто така, внесете ги задачите во потсетник на телефонот. На тој начин ќе почнете да го развивате тој осет за време и ќе почувствувате огромно задоволство кога ќе тргнете пред да се огласи алармот.

Дојдете предвреме

Не тргнувајте во последен миг. Секогаш може да се случи нешто непредвидено. Ако стигнете предвреме ќе имате можност да прочепкате низ телефонот, да одговорите на некој мејл или да проверите што има на социјалните мрежи. Но најважно, нема да доцните и ќе оставите добар впечаток.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе