Пет нови серии што треба да ги гледате во 2017

Тешко е да го надминете крајот или откажувањето на вашата омилена ТВ серија, но 2017 носи нови серии што лесно ќе станат вашите нови фаворити.

13 Reasons Why

Серијата ја следи приказната на средношколецот Клеј Џенсен кој само што ја изгубил другарката и симпатија, Хана. Еден ден ќе добие мистериозен пакет со касети што ги снимила девојката и во кои објаснува зошто се самоубила. Клеј наскоро ќе открие дека можеби е една од причините зошто девојката одлучила да си го одземе животот.

Премиера: 31 март, 2017

A Series of Unfortunate Events

По мистериозниот пожар во кој ќе загинат нивните родители, трите деца Вајолет, Клаус и Сани Бодлер ќе заминат да живеат со нивниот најблизок жив роднина кој ќе стане нивен старател. Грофот Олаф има една цел: да го земе нивното семејно богатство. Децата успеваат да побегнат и полека почнуваат да ги откриваат тајните од минатото на нивните родители. Серијата е базирана на романите на Лемони Сникет.

Премиера: 13 јануари, 2017

Legion

Најочекуваната ТВ-серија за суперхерој на Marvel  се фокусира на Дејвид Хелер, син на Професор Х од X-Men. Дејвид е мутант и неговата моќ е видовитост. Тој се смета за еден од најмоќните и најопасните од неговиот вид. Неговата приказна се одвива во еден сложен свет со многу специјална атмосфера и ги следи проблемите со кои се соочува додека да научи да ги контролира неговите моќи.

Премиера: 8 февруари, 2017

Big Little Lies

Главните улоги во комично-драмската минисерија ги играат врвни холивудски актерки, како Никол Кидман и Рис Витерспун. Серијата е базирана на истоимената книга на Лиен Моријарти и ја следи приказната на една богата заедница каде во навидум совршениот живот на три мајки на првооделенци се кријат мрачни тајни и лаги и ќе се случи убиство.

Премиера: 19 февруари

Feud

Оваа антолошка приказна е за легендарното соперништво меѓу славните актерки Бети Дејвис и Џоан Крафорд за време на снимањето на филмот What Ever Happened to Baby Jane? Од 1962 година. Филмот беше номиниран за Оскар таа година и стана филмски класик. Драмата во осум дела се фокусира на тензиите зад камерите, а актерската екипа за серијата е феноменална.

Премиера: 5 март, 2017

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Филм & ТВ

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе