Фит

Пет пијалоци кои не треба да ги пиете пред тренинг

9. октомври 2017 - 9:51 | К.З.

Правилната хидратација на телото им помага на мускулите подобро да работат и да се регенерираат по напорно вежбање. Експертите советуваат избегнување на нездрави пијалоци.

Според експертите за здравје и вежбање, постојат 5 видови на пијалоци кои не треба да ги пиете пред вежбање.

Енергетски пијалоци базирани на млеко

Сите пијалоци кои содржат млечни производи конзумирајте ги по тренингот, бидејќи млекото содржи протеини, масти и јаглехидрати кои тешко се обработуваат.

Овошни пијалоци

Овошните пијалоци содржат голема количина на фруктозен пченкарен сируп, вештачки засладувач кој доведува до дисфункција на црниот дроб и здебелување. Наместо вакви пијалоци, можете во водата која ја пиете да додатете цитрус или мента.

Алкохолни пијалоци

Конзумирањето на алкохолни пијалоци неколку часа пред тренинг може да му наштети на вежбањето, поради тоа што предизвикува дехидрација, воспаление и негативно влијае на рамнотежата.

Газирани пијалоци

Ваквите пијалоци можат да предизвикаат надувување на желудникот, болки во стомакот и гасови. Содржат високо количество на натриј кој ја извлекува водата од организмот и предизвикува дехидрација.

„Спортски“ пијалоци

Голем дел од овие „спортски“ пијалоци кои се достапни на пазарот содржат огромно количество на шеќери, а многу малку хранливи материи. Иако некои од нив имаат витамини, сепак високото ниво на шеќер подоцна ќе доведе до губење на енергија.

Коментирај