Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против COVID-19 во Охрид

Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и 5 смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега се направени вкупно 106.877 тестирања на COVID-19.

Од петте починати, еден од Скопје (52 г.), двајца од Куманово (55 г. и 82 г.), еден од Гостивар (62 г.) и еден од Охрид (64 г.). Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Од новозаразените 75 случаи, во Скопје се 32, Куманово 4, Штип 5, Тетово 7, Кавадарци 8, Гостивар 8, Струмица 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 2, Виница 1, Свети Николе 1, Кичево 2, Неготино 1.

Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти и тоа од Скопје 50, Куманово 16, Прилеп 2,Тетово 5, Струга 28, Охрид 18, Гостивар 2, Крушево 1, Кочани 1, Македонски Брод 1, Кратово 1, Свети Николе 10, Кичево 1, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.202,  бројот на оздравени пациенти е 7.108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.589.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 45 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на COVID-19 и три деца позитивни, како и шест пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 89 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти позитивни и сомнителни на COVID-19.

Поради непочитување на законските прописи за превенција од коронавирусот издадени се и казни за десет правни субјекти на охридското крајбрежје. Станува збор за пет правни субјекти од автокампот „Градиште“ кои ги прекршиле одредбите од Законот за градење при што на секој од нив му е изречена глоба во износ од 7 илјади евра во денарска противвредност.

Во текот на инспекцискиот надзор на делот од крајбрежјето на потегот во населбата „Свети Стефан“ каде што во текот на изминатиот период се вршеше отстранување на бесправни градби, исто така од страна на општинските инспектори е утврдено законско прекршување, при што се изречени глоби против исто пет правни субјекти, со идентичен износ од по 7 илјади евра во денарска противвредност.

За неносење лична заштита на лице се регистрирани 390 прекршоци во текот на 3 и 4 август на територијата на  целата држава.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со COVID-19.

реклама

Македонија

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Read more

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Read more

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Read more

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе