Пет прашања кои мора да си ги поставите себеси пред да стапите во брак

Прво мора да бидете искрени кон себе, но и кон партнерот. Секогаш треба добро да размислите што навистина сакате и зошто сакате да стапите во брак.

Експерти за брак советуваат прво да си одговорите на овие пет прашања, пред да се одлучите за брак:

Дали го сакате таков каков што е?

Многу жени се во врска со мажи кои мислат дека можат да ги променат. Не, вие немате магично стапче и не сте самовила која има моќ да претвори некого во нешто што не е.

Океј, можеби размислувате во правецот дека тој ви се допаѓа, но постојат работи кои не ви се допаѓаат кај него, но со текот на времето тој ќе се промени. Не, и во двата случаи сте во заблуда. Во вториот можеби и во поголема заблуда.

Луѓето не се менуваат затоа што ние го сакаме или очекуваме тоа од нив. Во повеќето случаи, човекот за кој ќе се омажите останува таков каков што е до крајот на животот.

Дали сте опседнати од идејата за венчавка од соништата?

Голем број девојки се опседнати со оваа идеја, а не размислуваат што всушност претставува бракот. Ако во суштина ве привлекува венчавката, тогаш подобро е да почекате со одлуката за стапување во брак. Факт е дека уште од мали сме задоени со идејата „среќни до крајот на животот“, но за таа среќа е потребно многу повеќе од гламурозна венчавка.

Дали сакате да се омажите затоа што сега ви е време за тоа?

Можеби воопшто не ви паѓа на ум да се омажите, но факт е дека бракот на некој начин е „заразен“. Ако повеќето ваши пријателки се во брак и на пат да станат мајки, можеби размислувате дека сега е вистинското време и вие да стапите во брак. Можеби дури и малку им завидувате бидејќи мислите дека и вие сакате таков живот. Но, добро би било да застанете малку и да се запрашате дали СЕГА го сакате тоа?

Дали сега сте со вистинскиот за вас? Сигурно не сакате да се омажите и се обврзете до крајот на живот само затоа што сите околу вас го прават тоа, па чувствувате и вие притисок дека е идеално време и за вас.

Дали сакате да се мажите исклучиво поради вас самите?

На одредена возраст, идејата за брак може да звучи како логичен чекор. Вашите пријатели сметаат дека треба да се омажите, а вашите родители стапиле во брак на ваши години. Можеби на вас гледаат со неодобрување бидејќи живеете во вонбрачна заедница. Исто така, може да се случи да забремените, па бракот да изгледа како следниот логичен чекор.

Постојат многу причини поради кои општеството ќе ги наведе да се венчате. Но, запрашајте се дали стапувате во брак за вас самите или поради другите?

Дали мислите дека партнерот е вистинскиот за вас или само потклекнувате на притисокот околу вас?

Дали вашите вредности и цели се во склад?

Клучен дел за успешен брак се ускладени вредности, цели и традиции кои и двајцата ги почитувате. Треба да бидете сигурни дека имате исти погледи кон иднината.

Не би сакале да фантазирате за семејство со некој мисли само на кариерата. Сакате да имате исти цели и затоа не треба да претпоставувате дека и тој го сака истото што и вие. За некои работи треба однапред да разговарате.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Љубов и секс

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе