Пет правила за незаборавен детски роденден

Роденденот не го славите вие, туку вашето дете, секогаш имајте го тоа на ум.

Понесени од големата желба да им приредат на нивните деца незаборавен роденден, многу родители честопати се ставаат себе си во фокус на настанот и така ненамерно им ја уништуваат веселбата на децата.

Можеби мислите дека вашите деца брзо ќе го заборават фијаското кога мама се дерела на дечкото од достава на пица или на девојката која требало да ја донесе тортата, а и самите сигурно памтите некоја неславна родендеска забава, па знаете дека тие инциденти не се забораваат.

За да се осигурате дека вашето дете ќе има роденденска забава од соништата, следете ги овие пет златни правила:

Без нервози

Децата се под најголем стрес кога нивните родители се нервозни или лути, па на денот на прославата по секоја цена потрудете се да бидете добри и да одбегнувате расправии.

Не е ваш роденден

Запамтете дека вашето дете е славеникот и во рамките на вашите можности направете му роденден каков што сака.

Дајте им на децата храна за деца

Пред забавата прво распрашајте се дали некое од децата има некакви алергии на храна. Второ, ова не е време да експериментирате, ниту да им наметнувате некаков животен стил на децата. Изберете грицки и закуски што се претежно омилени кај децата и само внимавајте да не претераат со благо.

Вклучете го детето во подготовките

Претворете го роденденот на вашето дете во забавен ден што ќе може да го поминете сите заедно. Дајте му да направи едноставни украси, да ги нареди салфетите на маса, да ја одбере темата и бојата за украсите и слично. На тој начин ќе се чувствува и корисно и одговорно.

Секогаш имајте план Б

Децата си се деца и секогаш има веројатност некоја од занимливите активности што сте ги планирале да им стане досадна. Затоа е добро да имате план Б, па дури и В и Г. Осмислете доволно забавни игри што може да се играат во тој простор и со тој број на деца и секако, мислете на тие две три деца што секогаш се бељаџии на забави, за да не ви излезе роденденот од контрола.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе