Пет причини поради кои сте постојано жедни

Чувството на жед не мора секогаш да биде знак на дехидрација, може на пример да биде показател дека премногу се потите и дека треба да пиете повеќе вода. Покрај тоа, може да биде и симптом на некои болести, како и нуспојава на некои диети и терапии.

Затоа, ако постојано сте жедни еве неколку можни причини за тоа:

Сува уста

Ако имате чувство дека устата ви е многу сува тоа може да го засили чувството на жед. Сепак, оваа состојба се случува кога жлездите не произведуваат доволно плунка за навлажнување на устата. Ова може да биде и резултат од некоја терапија од лекови, од пушење или стареење. Други симптоми се лош здив и воспалени непца.

Дијабетес

Кога имате дијабетес во крвта се насобира глукоза што ги тера бубрезите повеќе да работат за да го апсорбираат тоа. Кога бубрезите повеќе не можат телото почнува да произведува повеќе урина од вообичаено.

„Честото мокрење ќе донесе со себе и жед. Тоа доведува до пиење повеќе течности, што повторно создава проблем“, вели д-р Хедер Росен.

Овој симптом се нарекува полидипсија, односно жед која никако не може да ја изгасите. Секако, тука се и други симптоми кои се појавуваат со тоа, па самата жед не значи дека имате дијабетес, но треба да се консултирате со доктор ако имате некои проблеми.

Анемија

Оние кои се анемични не произведуваат доволно здрави црвени крвни клетки, поради тоа телото не добива доволно кислород. Како што анемијата се влошува, може да предизвика жед покрај други симптоми како премореност и слабост.

„Телото губи црвени крвни клетки побрзо од што може да ги надомести и губењето течности ќе сака да го надомести со активирање на чувство на жед“, вели Росен.

Повеќе вежбате

Ако пиете многу вода можеби ќе ве зачуди како одеднаш ви се чини дека никако не ви е доста од вода. Можна причина е што сте ги засилиле тренинзите. Ако сте поактивни од претходно, количината на вода што досега сте ја консумирале можеби не ви е доволна. Кога повеќе се потите, губите повеќе течности и мора да пиете повеќе вода.

Експертите препорачуваат да пиете вода 15 минути пред тренинг и секои 20 минути од тренингот да пиете течности за да останете хидрирани, пишува Men’s Health.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе