Пет причини зошто да се вратите на мисионерската поза

Ќе ви досади, ќе пробате илјада други работи и пак ќе ѝ се вратите. Има и зошто.

Не е така жестока поза како doggy style, ниту секси како „обратна каубојка“, но мисионерската поза има свој шарм и предности. Како маичка што одамна не е за носење, но кога ќе ја облечете по подолго време ви е толку удобна и позната, па сфаќате зошто ви била омилена и никако да ја фрлите.

Еве зошто одново и одново ѝ се враќаме на класичната мисионерска поза.

Овозможува одличен контакт „кожа на кожа“. Ако го погодите аголот и со малку повеќе труд, во оваа поза има најголема веројатност за најмногу допирање меѓу двете тела, а што е посекси од допир по целото тело?

Контакт очи во очи. Тоа е прилично секси и помага во комуникацијата за време на сексот. Исто така двајцата имате можност да ја гледате саканата личност како ужива и доживува оргазам. Истовремено.

Бакнежи. Во оваа поза имате непречена можност да се бакнувате цело време за време на сексот. Бакнувањето само ја зголемува блискоста и го крева либидото, а исто така го одржува ритамот и не дозволува да ја „загреете“ атмосферата пребрзо. Дозволете си сензуалност и уживање.

Во мисионерска поза има најдобра можност за стимулација на клиторисот, а ако ставите перниче под партнерката, подостапна ќе ви биде и фамозната Г-точка.

Сѐ на сѐ, мисионерската поза може да биде многу секси и сензуална ако се вложите во односот и сте одлучни да дадете сѐ од себе за взаемно уживање. Тоа важи и за двајцата.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе