Авто новости

Пет причини зошто дизелите имаат поголем вртежен момент од бензинците

13. март 2018 - 10:40 | Д.Л.

Дизелските мотори речиси секогаш развиваат поголем вртежен момент од бензинците со слична зафатнина. Зошто е тоа така?

Како што објаснува Engineering Explained, постојат пет причини зошто дизел моторите имаат поголем момент на сила, а причините се следни:

1. Дизел моторите користат значително поголеми компресиски соодноси, со што клиповите во цилиндрите ги турка поголема сила.

2. Дизелите многу порано постигнуваат целосно согорување на смесата, што значи дека експлозијата подолго го турка клипот и создава повеќе корисна работа.

3. Дизелите имаат подолго движење на клиповите. Вртежниот момент се пресметува како производ на силата и растојанието, па поголемото растојание кое клипот го поминува значи и поголем вртежен момент на тркалата.

4. Дизелите почесто користат турбо полначи кои го зголемуваат притисокот во цилиндрите и се изработени од поиздржливи материјали. Исто така, согоруваат „сува” смеса со значително поголем процент на воздух. Топлиот воздух се шири повеќе и создава повеќе работа.

5. Од дизел горивото може да се извлече повеќе енергија од бензинот. Литар дизел има 35,8 MJ, додека литар бензин располага со 34,2 МЈ.

Коментирај