Пет причини зошто е најдобро да вежбате наутро

Започнувањето на денот со неколку вежби го поплочува патот до здраво и издржливо тело. Експертите често зборуваат дека утрото е најдобриот дел од денот за вежбање, а наведуваат и причини зошто е тоа така.

Ако ги прочитате до крај овие причини, веројатно од вас ќе исчезне дури и најмалата доза мрзеливост и веќе од утре ќе се посветите на вежбањето наутро.

Многу теми поврзани со фитнес беа предмет на многу полемики. На пример, дали е подобро да се практикува јога или пилатес, кардио вежби или класичен тренинг за сила и дали е поздраво да се трча на отворено или во затворено. Меѓутоа, ништо не ги подели љубителите на фитнес повеќе од тоа дали е подобро да се вежба наутро или навечер.

Ќе почнете да се храните поздраво

„Кога ќе почнете да работите на подобрување на вашето здравје, ќе се трудите да го одржите стандардот на високо ниво“, вели фитнес експертот Зек Дели.

Голем број од луѓето кои вложиле напор за да ослабат или да се „набилдаат“ знаат колку е тежок и макотрпен процесот низ кој мораат да поминат додека го одржуваат нивното тело. Поради тоа огромен дел од нив се адаптираат на здрави животни навики, за да не им се вратат на пороците.

Ќе го намалите крвниот притисок

Луѓето со висок крвен притисок често имаат потреба од лекови кои им ја контролираат оваа релативно опасна состојба. Но, промените во животниот стил како што е вежбањето наутро можат да бидат од помош.

Научниците докажаа дека оние луѓе кои секојдневно вежбаат наутро успеале да го намалат крвниот притисок за 10%. По вежбањето, притисокот ќе остане нормален а вечерта пред спиење дополнително ќе се намали.

Подобрување на расположението

Во текот на вежбањето телото ослободува ендорфин, кој е во основа природен лек против болка. Ако на мозокот почне да му делува ендорфинот уште рано наутро, тогаш со сигурност ќе се чувствувате подобро и ќе бидете расположени, што ќе ви овозможи совршени услови за позитивен и продуктивен работен ден.

Повеќе слободно време попладне и навечер

По напорниот работен ден голем дел од луѓето сакаат да одморат со тоа што ќе си легнат во кревет, па затоа тешко е да се замисли дека било што може да ги убеди дека во ваквите моменти треба да посетат теретана. Но, ако вежбаат наутро, ќе имаат повеќе време за одмор, но и за активности во текот на денот и вечерта.

Квалитетен сон

Експертите напоменуваат дека луѓето кои вежбаат рано наутро имаат поквалитетен сон навечер. Тоа е сосем логично, бидејќи вежбањето наутро ви го активира телото и му дава енергија во текот на целиот ден, а вечерта сте веќе изморени и полесно заспивате.

реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе