Пет причини зошто iPad Pro може да го замени класичниот компјутер
Компанијата Apple секогаш се наоѓа на лидерските позиции во трката за нови технолошки напредоци, па затоа не е изненадувачки фактот што Apple тврди дека новиот iPad Pro е способен да го замени лаптопот и да ја врши секоја функција дури и подобро од него.
Во новото видео на компанијата Apple се издвојуваат пет причини поради кои iPad Pro би го заменил компјутерот и лаптопот, примарно бидејќи тој има помоќна конфигурација од повеќето од нив.