Пет причини зошто секс после тренинг е супер идеја

А.С.
/ 23.01.2024 / 17:03

Вежбањето во теретана и вежбањето во спалната соба се поповрзани отколку што си мислите. Сексот сам по себе е одлична физичка активност и во некои пози поефикасно се трошат калории отколку во други, но сексот по добро вежбање, трчање или возење велосипед има многу поволности, велат научниците.

Тие тврдат дека сексот по вежбање не само што го засилува ефектот на вежбањето, туку ќе ви го пружи и најдоброто уживање. Ова се пет причини што научниците ги истакнуваат за да одговорат на прашањето зошто сексот по вежбање е супер идеја.

Поинтензивно доживување

Ако сте фитнес фрик, знаете каква еуфорија доживувате после квалитетно вежбање. Ова полетно чувство се должи на зголеменото ниво на адреналин, допамин, ендорфини и анандамид во телото. Ако сакате да го однесете ова чувство едно ниво погоре, треба да се фрлите на секс. Една жешка „партија“ по вежбањето го зголемува нивото на окситоцин кој е врвната љубовна состојка што прави да се чувствувате прекрасно. Окситоцинот се лачи и за време на оргазмот, што значи дека ви претстои незаборавно уживање после кое ќе се чувствувате смирени и среќни. Ова чувство може да ве „држи“ и до 4-5 часа.

По вежбање мажите имаат посилна ерекција

По добро вежбање имате посилен проток на крвта низ целото тело, вклучувајќи ги половите органи. Научниците велат дека можно е ја забележите најголемата и најцврстата ерекција што некогаш сте ја имале благодарение на моќната циркулација на крвта. Тие предупредуваат дека тоа може да придонесе и за побрз оргазам, така што внимавајте на темпото ако сакате уживањето да потрае и за двајцата. Научниците исто така препорачуваат да го искористите напливот на енергија во првите 15 минути непосредно по вежбањето за најинтензивен секс и најголемо уживање.

Продолжувате да согорувате калории

Иако веќе е познато дека сексот е одличен и забавен начин за трошење калории, сепак не е замена за класично вежбање. Меѓутоа, може да биде одличен начин да го продолжите активното согорување калории од квалитетното вежбање и да добиете двојни поволности.

Попривлечни сте по вежбање

Привлечноста е многу важен дел од добриот секс. Феромоните што ги произведува вашето загреано, испотено тело се најмоќниот природен афродизијак на кој партнерот, односно партнерката, не може да оддолее. Сепак, направете едно експресно туширање, особено ако планирате да имате и орален секс.

Сексот по вежбање помага за намалување на болката во мускулите

Според едно истражување од 2013 година, 60% од испитаниците пријавиле дека сексот им помага во преболувањето на мигрената. Сексуалната активност може да ви помогне да ја смирите и болката во мускулите, особено по вежбање.  Лачењето на хормоните што ги спомнавме погоре помага во ослободување од стресот и блокирање на чувството на болка.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фит

5 намирници што треба да престанете да ги јадете ако сакате да го намалите стомакот до лето

Read more

Кои вежби најдобро влијаат на крвниот притисок?

Read more

Водич за слабеење за луѓе кои немаат време

Read more

Војничка диета - ќе видите резултати за три дена

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе