Пет причини зошто треба да трчате по скали

А.С.
/ 29.09.2022 / 15:33

Не можете да излезете од работа навреме за да отидете во теретана? Немате теретана или патека за трчање во близина? Едно сигурно имате секаде – скали.

Оваа потценета техника на вежбање е една од најефикасните и сите опреми за вежбање нема да ја заменат. Дури и ако имате план на вежбање по кој се водите, сепак има причини зошто треба да го вметнете трчањето по скали во вашиот фитнес распоред.

Ова се пет главни причини зошто треба да почнете да трчате по скали, уште денес.

Можете да вежбате секаде

Без разлика каде живеете или работите, скали има насекаде, на отворено и на затворено, што значи дека ни временските услови не ви се изговор за да не направите барем една серија.

Не одзема дополнително време

Со оглед на тоа дека основната „опрема“ за оваа вежба ви е достапна секаде, тоа значи дека нема да губите дополнително време околу тренингот. Исто така, трчањето по скали за кратко време го активира целото тело, го забрзува пулсот и брзо почнувате со горење калории.

Активирање на мускулите

Најдоброто нешто од трчањето по скали во поглед на ефикасност на тренингот е што ги активира мускулите на целото тело, особено на нозете. Вертикалниот напор помага да се активираат и да се држат во активна состојба мускули кои инаку не би ги активирале, на пример со обично трчање.

Кардиоваскуларен систем

Трчањето по скали го „пали“ кардиоваскуларниот и дишниот систем, што значи дека со овој начин на вежбање ќе ги добиете истите бенефити како и интензивен кардио тренинг.

Сила

Трчањето по скали е одлична вежба сама по себе и физичка активност што може да ја направите кога немате време за друг тренинг. Но, исто така е активност што може и треба да ја вклопите во вашата рутина на вежбање бидејќи ги зголемува кондицијата и силата. На пример, ако се подготвувате за маратон, трчањето по скали ќе ви помогне да ги активирате оние мускули што не се многу активни за време на трчањето на рамно и да ја зголемите општата снага на телото.

Тагови
реклама

Волстрит се тресе, инвеститорите стравуваат

Read more

Дали секое Светско досега било наместено?

Read more

Необичен знак за недостаток на витамин Б12

Read more

Мачка ја прекина прес-конференцијата на Бразил пред мечот со Хрватска

Read more

Фит

Што ќе се случи ако правите по 100 „чучњеви“ секој ден, цел месец?

Read more

10 чекори до совршени стомачни мускули

Read more

Трчање или пешачење - што е подобро за телото?

Read more

Најдобрите вежби за тенок струк и цврст задник

Read more
 

Магазин

Три причини зошто жените глумат оргазам

Читај повеќе
  • play_arrow

Како најдобро да го исчистите стаклото на туш кабината?

Читај повеќе
  • play_arrow
Кралица на зимата: Неколку рецепти со леќа

Кралица на зимата: Неколку рецепти со леќа

Читај повеќе

Кои зачини помагаат за побрзо варење и здрави црева?

Читај повеќе

Дали сте зависни од коцкање и обложување?

Читај повеќе

Магнетна резонанца: Зошто се прави и како изгледа овој дијагностички преглед?

Читај повеќе
  • play_arrow

По многу години, се роди прле во скопската Зоолошка

Читај повеќе

Time: Зеленски е личност на годината

Читај повеќе
  • filter

Кајгана fun with flags: Епизода 4 - кога синот на претседателот црта знаме

Читај повеќе