Пет причини зошто треба редовно да пиете чај од камилица

Чајот од камилица долго време се користи како традиционален народен лек. Камилицата содржи хемикалии наречени флавониди, вид хранливи состојки, присутни во многу билки, а кои имаат значајна улога во лековитоста.

Истражувачите сè уште не се сигурни кои други хемикалии присутни во камилицата се одговорни за нејзината лековитост.

Кои се придобивките од пиењето чај од камилица?

1. Намалување на менструалните болки

Неколку студии го поврзуваат чајот од камилица со ублажување на менструалните грчеви. Истражување од 2010 година покажа дека консумирањето чај од камилица во текот на месецот може да ја намали менструалната болка предизвикана од грчевите. Жените коишто учествувале во истото истражување исто така изјавиле дека биле помалку анксиозни и помалку чувствувале стрес во текот на тој период.

2. Го намалува шеќерот во крвта и е добар за дијабетичари

Некои истражувања покажаа дека чајот од камилица може да го намали нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес. Чајот не може да биде замена за лекови, но може де биде корисен додаток.

3. Може да ја ублажи остеопорозата

Остеопорозата е прогресивно губење на густината на коските. Ова губење го зголемува ризикот од кршење на коски и искривено држење. Иако оваа состојба може да се развие кај која било личност, најчесто се појавува кај жените во менопауза. Се смета дека тоа би можело да биде последица од ефектот на естрогенот.

Студија од 2004 година откри дека чајот од камилица помага кај густината на коските, но авторите предупредуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се докаже поврзаноста.

4. Помага во спиењето и опуштањето

Се смета дека чајот од камилица им помага на луѓето да се опуштат и полесно да заспијат. Многу истражувачи веруваат дека чајот од камилица може да функционира како бензодиазапини, лекови кои можат да ја намалат анксиозноста.

5. Ги ублажува симптомите на настинка

Некои студии сугерираат дека вдишувањето пареа со екстракт од камилица може да ги ублажи симптомите на настинка, но потребни се дополнителни истражувања за да се утврди поврзаноста, пишува Medical News Today.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Read more

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе