Пет причини зошто треба секој ден да јадете банани

Бананите се дел од секојдневната исхрана на луѓето, многу се хранливи и корисни за срцето, шеќерот во крвта, варењето на храната и многу други работи, пишува Insider.

Пет придобивки од бананите:

1. Многу се хранливи

Една средна банана има 110 калории, 1 г протеини, 28 г јаглехидрати, 15 г природен шеќер, 3 г влакна, 450 мг калиум, 32 мг магнезиум, витамин Ц 10,3 мг и 0,4 мг витамин Б6.

„Бананите се познати по калиумот, но постојат и други витамини и минерали кои заслужуваат внимание. Значаен извор се на Б6 и влакна кои играат витална улога во важните функции на телото како намалување на холестеролот и подобрување на расположението“, вели Лиса Ричардс, советник за исхрана.

2. Помагаат во регулација на шеќерот во крвта

Идејата дека луѓето со предијабетес или дијабетес треба да избегнуваат слатко овошје е мит, се додека сте во границите на вашите потреби за јаглехидрати. Тоа од прилика би било половина банана.

Бананите содржат пектин и резистентен скроб кои помагаат во намалувањето на шеќерот во крвта. Гликемискиот индекс на бананата е од 30 до 60, зависно од зрелоста.

„Колку е понизок гликемискиот индекс, помала е вредноста дека храната ќе предизвика брз скок“, вели Риачрдс.

За понизок гликемиски индекс советува да јадете позелено овошје.

3. Бананите можат да го поддржат здравјето на срцето

И овде е битен калиумот. Иако повеќето луѓе го сметаат за минерал, тој делува и како електролит. Електорлитите се клучни за регулација на мускулните контракции.

„Со оглед на тоа дека срцето е мускул, калиумот и здравјето на срцето се тесно поврзани“, вели нутриционистот Моника Осландер Морено.

4.Бананите помагаат при слабеење

Морено вели дека бананата станала многу стигматизирана во културата на исхраната затоа што содржи јаглехидрати.

Вели дека бананите не дебелеат, туку напротив, помагаат полесно да се заситите.

„Комбинацијата на пектин и резистентен скроб го одложува празнењето на желудникот, што доведува до помал внес на калории“, вели Ричардс.

5. Бананите се добри за дигестивниот систем

Кога станува збор за цревата, бананите даваат и одземаат. Зелените или позелените банани може да поттикнат запек поради поголемите количини на резистентен скроб и пектин, вели Ричардс.

Од друга страна, зрелите банани можат да помогнат во борбата против запекот.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Read more

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе