Пет проколнати места во Европа, дел од нив се забранети за туристите

Европа изобилува со културно-историски знаменитости, но нашиот континент е сведок и на многу мрачни настани. Постојат места во Европа кои многумина од вас не би се осмелиле да ги посетите. За овие места се смета дека се опседнати со духови, а неколку од нив имаат и забранет пристап за љубопитните туристи.

Килкени, Ирска

Едно од местата за кое се смета дека е проколнато е Килкени во Ирска. Доколку сте „ловец на духови“, ова е вистинското место за вас. Ирскиот град за кој се врзуваат трагични случки, се смета дека е вистински град на духови. Посетителите тврдат дека ги гледаат духовите на жените кои се погубени тука, под обвинение дека се вештерки. Килкени се наоѓа околку 80 км. од Даблин.

Освен „вештерките“, тврдат дека се појавуваат духовите на луѓето кои настрадале во поплавата во 1763 година кога загинале 16 луѓе. Во утринските часови кога има магла, се појавуваат човечки привиденија над реката.

Островот Повеља, Италија

Во близина на Венеција, се наоѓа островот Повеља, кој се смета за проколнат заради добра причина. На овој остров се протерани сите кои умирале од чума, а во 19 век е отворена и психијатриска болница.

Болницата е затворена откако се појавиле шпекулации дека докторот изведува експерименти над пациентите и дека затоа се надвор од очите на јавноста. Островот е забранет за посетители.

Дворецот Брисак, Франција

Овој прекрасен проколнат дворец со подови од злато и луксузен мебел е сведок на мрачен настан. Тука е убиена девојката Шарлота, која извршила прељуба со пријателот на нејзиниот маж. Кружат приказни дека таа се шета по дворецот и засекогаш ќе остане тука. Посетителите тврдат дека ја виделе како се шета по замокот во зелен фустан.

Лондонска кула, Англија

Оваа градба има многу крвава историја. Изградена е во 11 век и е користена за заштита на аристократијата, а подоцна како затвор. 

Во оваа кула се убиени Хенри VI, како и кралицата Ана Болен.

Многумина тврдат дека духот на Ана Болен „плута“ околу местото каде што таа е погубена. Ова место годишно го посетуваат околу три милиони луѓе.

Акершус Фестинг, Норвешка

Средновековниот дворец е изграден во 1300 година, а во него затворениците извршувале тешка физичка работа и биле оковани и со синџири.

Посетителите тврдат дека тука постојано се слуша шепотот на духовите и гребење со нож.

реклама

Ослободен американски педофил кој беше осуден на 1.000 години затвор

Read more

Може ќебапи, не може цигари: Кои производи може да ги купувате со картичката Купувам домашно?

Read more

Спасовски: Домашна платежна картичка и за пензионери и неактивни баратели на работа

Read more

Што треба да јадете пред и по вежбање?

Read more

Чек дис аут

Македонија и уште 9 држави во кои нема McDonald's

Read more

Орел улови двометарска ајкула во САД

Read more

Како да бидете добар комичар без да навредите некого?

Read more

Она кога ќерка ти ќе те засени среде интервју за BBC

Read more

Магазин

  • play_arrow

Што треба да јадете пред и по вежбање?

Читај повеќе
  • play_arrow

Здрав тренд кој треба да го пробате: Ладно цедено кафе

Читај повеќе

Можно е заразените со COVID-19 засекогаш да го изгубат сетилото за мирис

Читај повеќе

Секс совети за жени: Како да го продолжите вашиот оргазам?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Мисиркини гради во сос од вино

Читај повеќе
  • play_arrow

Четири освежителни пијалаци идеални за летово

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија и уште 9 држави во кои нема McDonald's

Читај повеќе

Неколку причини зошто секој ден треба да јадете лубеница

Читај повеќе

Предлог за ручек: Пилешко на грчки начин

Читај повеќе