Пет работи кои го ослабуваат вашиот имунитет

Грижата за имунитетот е многу важна, а посебно во време на корона. Добро е да знаете како да го зајакнете, но подеднакво добро е и да знаете како да ги избегнете работите кои го прават спротивното.

Секојдневниот стрес

Често слушаме дека стресот е причина за бројни здравствени проблеми, но важно е да се знае дека одредена доза на стрес ни е сепак потребна. Стресот не поттикнува да бидеме поефикасни, побрзи, поуспешни, нè тера напред и продонесува за квалитетот на извршените задачи. Тоа што треба да го избегнуваме е неконтролираната изложеност на секојдневниот стрес. Ова е полесно да се слушне отколку да се направи, но можеме да делуваме на два начини. Идеално е да се делува на изворот на стресот, но ова во некои случаи е невозможно. Тогаш се препорачува како да пронајдеме начин ја промениме нашата перцепција на стресните ситуации. Ова не е лесно, но вреди да се проба и функционира.

Недоволно сон

Можеби на прв поглед личи лесно да го промените, но всушност е многу тешко. Денес е многу тешко човек да си дозволи 8 часа сон. Тоа што можеме да го промениме е рутината пред спиење, така да избегнуваме екрани барем еден час пред спиење и да ги отстраниме изворите на агресивно осветлување. За да ги смириме телото и умот помага и вечерна медитација.

Лоша исхрана

Во брзото секојдневие лесно забораваме на една од најважните работи, а тоа е што внесуваме во своето тело. Брзата храна и алкохолот се повремена утеха, но често преминуваат во навика. Нутритивно избалансираната исхрана и внесот на разновидни намирници се од голема важност.

Претерана чистота

Првенствено треба да се нагласи дека многу е важно да се одржува личната хигиена. Меѓутоа, како и во сè, може да се претера и во чистотата. Нашиот имунолошки систем се развива низ изложеност на надворешни влијанија, како и на вистуси и бактерии, кои ги има насекаде околу нас. Конечно, не е проблемот во миењето раце ни во одржувањето на личната хигиена и хигиената дома. Проблемот е во избегнувањето на надворешните и внатрешните простории каде условите не се стерилни.

Недоволна хидратација

Водата е повеќе од половина од нашето тело и потребна ни е за нормална работа на метаболизмот. Едноставно е, но луѓето често забораваат на овој факт. Не е потребно да се држите до одреден распоред ниту да форсирате број на чаши во денот. Пијте кога сте жедни и со секој оброк, а во склад со дневните физички активности.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе