Живот

Пет работи кои се случуваат со телото кога пиеме алкохол

14. август 2019 - 11:24 | Кајгана

Сите сме добро запознаени со последиците од прекумерното консумирање на алкохол. Но, дали сте запознаени што точно се случува во вашето тело кога консумирате алкохол?

Намалување на нивото на стрес

Со првата чашка алкохол, во нашето тело се ослободува ендорфин, што влијае на донесувањето одлуки и намалување на нивото на стрес. Сепак, одлуките кои ги донесуваме во алкохолизирана состојба се лоши, како и возењето во пијана состојба.

Висока самодоверба

Со ендорфинот, алкохолот во организмот ја стимулира и ГАБА киселината која делува смирувачки на човекот., па многумина се однесуваат многу опуштено и самоуверено.

Лоша координација

Нестабилно одење, паѓање, менување на букви и зборови, ова с епоследици на намалената комуникација помеѓу мозокот и телото, што ја отежнува координацијата и движењето.

Губење на памтењето

Алкохолот значително влијае на памтењето, односно на неговото губење.

Потреба за прејадување

Откако ќе ве напушти првичната мачнина, брзо се јавува силен глад и потреба да изедете сè што ќе се најде пред вас. Ова е последица на ниското ниво на шеќер во крвта, па вашето тело бара јаглехидрати кои ќе го надоместат гликогенот.

Коментирај