Пет работи кои секоја изневерена жена треба да ги знае за љубовницата

Не постои вистинско оправдување зошто некој би започнал афера со оженет маж, но ете се случува. Што треба секоја изневерена жена да знае за другата жена?

Your Tango одвои пет работи кои секоја изневерена жена треба да ги знае за љубовницата:

1. Искрено чувствува вина

Верувале или не, љубовницата чувствува вина. Свесна е за фактот дека нејзиниот љубовник е оженет и секојдневно минува низ емоции поврзани со вина, како тага и депресија.

Љубовницата се чувствува виновна кога нејзиниот љубовник ќе одлучи да мине време со неа, знаејќи дека дома го чекаат жена и деца. Се чувствува виновна кога ќе слушне други луѓе како разговараат за изневерување на партнерите. Чувствува вина и кога гледа филмови за прељуба. Чувството на вина ја следи во текот на целата врска, но и по неа.

Исто така, многу љубовници не се свесни дека нивниот љубовник е оженет, многу мажи кријат дека се во брак. Ако мажот може да има врска и да ја изневери жената со која се оженил, тогаш е способен да кажува лаги и на сопругата и на љубовницата.

2.Веројатно не планирала да стане нечија љубовница

 

Секој возрасен човек е одговорен за своите постапки. Понекогаш, за жал, некои лоши околности може да доведат до афера. Некои жени кои имаат афери исто така се во брак и имаат семејства.

Многу жени стануваат љубовници бидејќи се сплеткале со мажи со никогаш не ни немале намера да бидат. Можеби знаеле дека тој е оженет, но сеедно продолжиле со него, подоцна вљубувајќи се.

Постојат и жени на кои не им е проблем да излезат со оженет маж и поради тоа не се каат. Многу пати прељубникот на љубовницата ѝ ветува сè и сешто за да ја задржи покрај себе, па минува време и за неа станува потешко да ја раскине врската. Мажот може да отиде толку далеку што раскажува приказни дека ќе ја остави жена му или дека е во постапка на развод, што не е случај.

3. Станува љубоморна

Ако една жена станала љубовница и знае дека нејзиниот љубовник е оженет, тогаш сигурно чувствува љубомора. Чувствува љубомора секој пат кога тој не е со неа. Знае дека тој си оди дома кај жена му, знае дека тој има живот и дом во кој таа никогаш нема да биде дел.

Ако нема сопствено семејство, животот на љубовницата е обично осамен. Таа е љубоморна што тој го дели креветот со сопругата и никогаш нема да го дознае вистинското ниво на интимност кое го имаат.

Една работа за која копнеат многу љубовници е потврдата дека станува збор за врска и дека љубовта со љубовникот е вистинска. Молчењето не е идеално за здрава, долготрајна врска.

4. Се вљубила во погрешна личност

Љубовта и страста се слепи. Љубовницата пред или подоцна ќе осознае дека избрала погрешна личност со која сака да биде. Секој може да се вљуби во погрешна личност, тоа се случува и на слободните мажи и жени.

Поентата е во тоа дека најверојатно љубовницата знае дека направила грешка и останува во врска само затоа што мисли дека нејзиниот љубовник сака да биде со неа.

5. Можеби верува дека постои иднина

Ако жената знае дека нејзиниот љубовник е оженет или тоа го дознала во моментот кога се вљубила во него, тогаш без сомнежи тој веќе ѝ раскажал неколку „бајки“ за нивната заедничка иднина.

Најголем стереотип е приказната дека тој е несреќен во бракот и сака развод. Тоа може да биде и вистина, но прашањето е дали е спремен да му стави крај на бракот. Ако во прашање се децата или ако мажот навистина сака да си остане со сопругата, тогаш никогаш нема да се разведе.

Одржувањето афера со надеж дека мажот ќе ја напушти жената е нешто што го прават многу жени, особено ако минат години со него. Аферата тогаш станува нормалност. Да се биде љубовница не е нешто гламурозно, аферата скоро секогаш започнува како возбудлива авантура, но скоро секогаш завршува со депресивна, обесхрабрувачка ситуација.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе