Пет работи кои треба да ги знаете за биткоинот

Вредноста на првата дигитална валута несопирливо расте, а многумина се прашуваат дали ја пропуштиле шансата за вложување. Што воопшто е биткоин, како настана и дали ќе го продолжи растот или е балон кој наскоро ќе пукне?

Можеби сте го следеле од 2009 година кога е создаден, а можеби сте од оние кои за него прв пат слушнале неодамна кога неговата вредност почна да расте вртоглаво. Моментално неговата вредност се движи помеѓу 17.000 и 18.000 долари. Како и да е, прочитајте сè што треба да знаете за него.

Што воопшто е биткоинот?

Биткоинот е дигитална валута која е создадена пред осум години, а највеќе се разликува од валутите на кои сме навикнати по тоа што не постои во хартиен облик и што не ја контролира ниту една институција. Банките не учествуваат во трансакциите со биткоин, кои ги потврдуваат самите корисници.

Кој стои позади него?

Наводно, неговиот творец е Сатоши Накамото. Во првата година од постоењето, неговата вредност не успеа да достигне ни еден долар.

Како се станува сопственик на биткоин?

Со биткоин највеќе се тргува преку берза, односно „дигитални менувачници”, а најпознати се Coinbase, Coinmama и Kraken, a биткоините се складираат во дигитални паричници.

Најголемата платформа за складирање на биткоини blockchain.info моментално има 19 милиони корисници, што е двојно повеќе од почетокот на годината.

До биткоини може да се дојде и преку таканереченото „рударење”, со помош на алгоритми кои ја „копаат” оваа дигитална валута, но тоа е бавен процес кој бара вложување во компјутерска опрема. Во одреден период сите трансакции со биткоин се собираат во таканаречениот ланец на блокови (blockchain), a задачата на „рударите” е да ги запишуваат во главната книга за да се одвива тргувањето. За награда, самиот „рудар” добива биткоини. Освен ова, можно е да се купат и разменат и на банкомат.

Кои се опасностите од вложување во биткоин?

Самиот шеф на Coinbase оваа недела предупреди на опасностите од вложувањето во дигиталната валута.

„Дигиталните валути се турбулентни и непредвидливи и нивната вредност се менува многу брзо”, напиша на својот блог Брајан Армстронг, предупредувајќи на уште еден вид опасност - сајбер сигурноста. Армстронг повторно потсети на потребата од заштита на сметките со двостепена верификација, како и на недостапноста на платформата кога волуменот на тргување значително се зголемува.

„Ова може да доведе до тоа да не можете да ги продадете вашите биткоини во моментот кога ќе посакате”, предупреди Армстронг.

Тука е и ризикот од нивна кражба, црното сценарио какво што и се случи на словенскaта компанија за тргување и рударење NicheHash, на која и беа украдени биткоини во вредност од 65 милиони евра.

Kаква врска има Волстрит со биткоинот?

Во неделата во САД започна и тргување со футуреси на биткоинот, што значи дека вложувачите можат да се кладат на неговата вредност во иднина. На оптимистите, ова им беше уште една потврда за купување на дигиталната валута, додека скептиците предупредуваат на создавање на балон кој кога-тогаш ќе пукне. Дали тоа ќе биде за некој месец или за некоја година, никој не знае.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе