Пет работи кои веројатно не сте ги знаеле за Вимблдон

Ова лето навистина им нуди многу на спортските фанови низ светот. Во истиот момент додека се одржува Светското првенство во фудбал, традиционално се играат и натпреварите од Вимблдон – најголемиот и најпознатиот тениски турнир.

Додека очите на спортската јавност примарно се вперени кон Русија и Мундијалот, Вимблдон е домаќин на тениската елита. Тој се одржува уште од 1877 година и во текот на годините стануваше поголем и поголем.

За време на паузите помеѓу два натпревари, прочитајте неколку интересни факти и занимливи приказни од најголемиот тениски турнир кој се игра на трева.

Собирачите на топки

Една од најимпресивните работи околу Вимблдон е совршениот тајминг и координацијата на собирачите на топки кои овозможуваат натпреварите да течат брзо и глатко. Иако има по само шест до осум вакви собирачи по натпревар, се проценува дека преку 250 момчиња и девојки од околината волонтираат секоја година. Интересен факт е дека до 1985 година на девојките не им беше дозволено да бидат собирачи на топки. За среќа, многу работи се променија во последните неколку години.

Соколот Руфус

 

Good Morning, Day 5! It’s looking pretty good up here already #Wimbledon

A post shared by Rufus The Hawk (@rufusthehawk) on

Ако го имате посетено Лондон јасно ви е дека гулабите во овој град знаат да претставуваат вистинска напаст. Поради тоа, организаторите чуваат соколот Руфус, кој веќе 15 години служи како помошник при истерувањето на гулабите од терените на Вимблдон. Верниот помошник секое утро ги поминува сите терени за да ги избрка гулабите од опасноста која ја претставуваат брзите сервиси на Надал и Федерер.

Јагоди и крем

Едно од главните обележја на Вимблдон е локалната храна, а ниту едно од јадењата не може да го надмине традиционалниот рецепт на јагоди и крем. Според официјалната веб-страна на Вимблдон, околу 28.000 килограми јагоди ќе бидат изедени во текот на турнирот оваа година, заедно со скоро 10.000 килограми крем.

Пеколното чекање во редови

Вимблдон изгледа како културен, софистициран настан кога го гледате од удобноста на вашиот дом, сместени пред телевизорот. Но, замислете како им е на оние кои пробуваат да купат билети за турнирот. За време на интензивното летно сонце, чекањето во редови долги и до 50 метри не е првото нешто што ви паѓа на ум, но мора да се жртвувате за да дојдете до билет. За време на минатогодишниот турнир, околу 190 луѓе мораа да добијат лекарска помош поради чекањето во редови, и тоа само во првите три дена од турнирот.

Гласни звуци

Клишето кое важи за тениските терени е дека тенисерите, а посебно тенисерките, испуштаат многу гласни звуци за време на натпреварите. И не зборуваме за Џон Мекинро и неговото постојано карање со судиите и публиката, туку за оние звуци кои Рафаел Надал, Марија Шарапова и ним сличните ги испуштаат додека ја удираат топката.

Најгласниот забележан крик е оној од Вимблдон 2009 кога Марија Шарапова „врисна“ со гласност од 105 децибели, што е отприлика подеднакво гласно како работењето на моторцикл.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе