Пет работи што не смеете да ги правите по јадење

Повеќето луѓе имаат дневни рутини со точен распоред и тврдат дека брзиот начин на живеење го диктира ваквото темпо.

Сепак, здравјето во никој случај не треба да страда поради брзото живеење. Организирајте го вашето време и не ги правете овие пет грешки поврзани со тајмингот и јадењето.

Туширање

За време на туширањето, температурата на телото благо се покачува. За да се прилагоди на тоа, телото насочува повеќе крв кон кожата отколку вообичаено. Тоа може да го наруши процесот на варење на храната и да го забави метаболизмот. Почекајте 30 минути пред да влезете под туш.

Пиење чај

Истражувањата покажаа дека состојките во чајот се косат со апсорпцијата на железо во организмот, минерал што е многу значаен за функционирање на телото. Токму затоа, децата, бремените жени и луѓето достиг на железо во крвта треба да избегнуваат пиење чај во првиот час после јадењето. Возрасните подобро е да се напијат шолја кафе, кое, да се напомене, не треба да се пие на празен желудник.

Спиење

Митот дека јадењето пред спиење е директна причина за прекумерна тежина одамна е побиен, но сепак не треба да јадете непосредно пред да легнете да спиете. Спиењето на полн стомак може да предизвика грчеви, ждригање и киселини во желудникот бидејќи кога лежиме телото се смирува и метаболизмот се намалува. Експертите препорачуваат последниот оброк да биде најмалку два часа пред спиење.

Физичка активност

Колку и да е големо искушението да се фрлите на тренинг и да ги согорите калориите од јадењето, експертите советуваат да не го правите тоа. Вежбањето на полн стомак може да предизвика разни тегоби, како и ризик од потешки последици како грчеви. Најдобро е да излезете на лесна прошетка, а да почнете со вежбање најмалку два часа по јадење.

Пушење цигари

Пушењето е штетно по здравјето од повеќе причини, но ако веќе сте пушач, се препорачува да не палите цигара во првите дваесет минути по јадење. Тутунот ја спречува апсорпцијата на витамини и минерали, како калциум и витамините C и D, со што се поништуваат ефектите и од најздравиот оброк.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе