Пет работи што ви го уништуваат срцето

Кардиологот Никол Харкин откри пет работи кои никогаш не треба да ги правите ако сакате да го зачувате здравјето на срцето.

Иако генетиката игра важна улога во појавата на разни болести, добрата вест е дека 80 проценти од сите срцеви удари може да се спречат со здрав начин на живот и исхрана. Кардиологот Никол Харкин потенцира пет работи што треба да ги смените за да спречите навреме да се разболи срцето.

Кажете му „НЕ“ на црвеното месо

„Не консумирам никакви производи од животинско потекло и ги повикувам сите да избегнуваат црвено месо и преработки од црвено месо“, рече таа и додаде дека редовното консумирање брза храна, како хамбургери, како и сушено месо ги оштетува срцевите артерии. А наместо тоа, според нејзините совети, многу поздраво е да се консумираат влакна, кои вообичаено ги има во овошјето, зеленчукот, мешунките и интегралните житарки.

„Помага при регулирање на гликозата, намалување на холестеролот, а се работи и за храна која содржи многу витамини и минерали. Навистина им советувам на сите да јадат најмалку 40 грама влакна дневно, бидејќи тоа е нивото на кое гледаме значителен намалување на гликозата, холестеролот и слично“, истакна таа.

Престанете со пушење

Освен што предизвикува зависност, пушењето е една од главните причини за многу болести, вклучувајќи ги и срцевите удари.

„Речиси сите срцеви удари што сум ги видела кај млади жени им се случиле на луѓе кои пушат“, истакнува Харкин. Доколку не можете да се ослободите од оваа нездрава навика, секогаш е корисно да побарате стручен совет.

Нездрав сон

Бројни истражувања покажале колку е важен редовниот и здрав сон за нормално функционирање и за здравјето на организмот.

„Студиите навистина покажаа дека недостатокот на сон е поврзан со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести“, вели Никол.

Не ја игнорирајте болката во градите

Организмот секогаш ни испраќа мали сигнали кои можат да откријат што не е во ред со нас, како што е болката во градите кога станува збор за нашиот најсилниот мускул - срцето. Затоа е важно да не ги игнорирате!

„Шокантен број на срцеви удари се случуваат кај луѓе кои според традиционалните критериуми би се сметале за нискоризична група“, истакна таа.

Не ја занемарувајте физичката активност

„Дури и 10-минутната прошетка е подобра од ништо и има корист за здравјето на вашето срце. Затоа не дозволувајте времето да биде изговор за неактивна активност. Кога би можела на сите да им препишам една работа, тоа би било вежбање“, вели докторката.

Затоа, не занемарувајте, пронајдете ја физичката активност која најмногу ви одговара, било да е тоа прошетка, лесни вежби или некој спорт.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Read more

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе