Пет работи за кои младите брачни парови најчесто се расправаат

Од моментот кога ќе кажете „ДА“, работите стануваат поинакви. Покрај вашето, тука е и мислењето на вашиот партнер, кое треба да го почитувате.

Затоа, неизбежно е да има конфликти, бидејќи првите месеци и години од бракот, всушност, се период на прилагодување. Во тој период, треба да научите да го споделувате животот со некого, но и да останете верни на себе, што не е лесно. Ако мислевте дека расправиите и расправиите се присутни само во вашиот брак, можеби ќе бидете изненадени кога дознавте дека 9 од 10 парови се караат токму за овие работи:

Мокри пешкири

Оваа расправија изгледа e стара колку и човештвото. Ок, колку и пешкирите за бањање. Не е познато зошто мажите излегуваат од бањата со пешкирот замоткан околу половината, а потоа немарно го фрлаат, мокар, врз тазе исушените алишта на спалната, врз гарнитурата во дневната соба или на кое било друго место што не е наменето за сушење мокри пешкири.

Излегување во град

Ви се чини како цела вечност од времето кога сте почнале да се подготвувате до времето коога сте излегле од дома, но мажите не разбираат е дека шминката е уметност и дека ниту еден уметник не сака да го брзаат. Можеби на мажот му се доволни чисти фармерки и кошула, малку дезодоранс и средство за коса, но подготвувањето за излегување во град честопати е цел мал ритуал за жените.

Војна за температурата

Расправија што порано или подоцна избувнува во еден дом е онаа што се однесува на температурата во просторот за живеење. Непишано правило е дека жените на секогаш им е поладно, додека на мажите претежно им е жешко. Жената ќе се шета по дома во дуксер во август, додека тој е опуштен по маица и во јануари. Статистичките податоци велат дека паровите почесто се караат за температурата во куќата отколку за далечинскиот управувач.

Некој уште спие

Би било идеално ако сте совршено синхронизирани со вашата сакана личност во сè. Но, што ако едниот од вас е ноќна птица и сака да спие до пладне, а другиот е ранобудник кој „легнува со кокошките“? Еден од вас неизбежно ќе се обиде да го сврти другиот на страната што му одговара, што ќе биде причина за расправија.

Гаси светло!

Топ пет во листата расправии на младите брачни парови е гасењето на светлото. Кој одлучува кога е време да се исклучат светлата во спалната соба? Можеби едниот спие, а другиот решил да погледа телевизија или да погра на мобилниот телефон. И да не го забораваме светлото во ходник што ѕирка под вратата!

реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Љубов и секс

10 прашања што откриваат каков е навистина вашиот сексуален живот

Read more

Љубовен неделен хороскоп: Лавови и Ваги, подгответе се за изненадувања

Read more

Две причини зошто мажите одлучуваат да стапат во брак

Read more

Хороскопски знаци кои често остануваат во лоши и токсични врски

Read more
 

Магазин

Полжавчиња со афион и цимет - одлични се со шолја кафе, чај или млеко

Читај повеќе
  • play_arrow

Силна бура создаде застрашувачка глетка на небото во Оклахома - како да пукнала нуклеарна бомба

Читај повеќе

Примала плата од 16 фирми, а не работела ниту еден ден: Филмската приказна ќе заврши на суд во Кина

Читај повеќе

10 прашања што откриваат каков е навистина вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто велосипедот треба да стане вашето редовно превозно средство?

Читај повеќе
  • play_arrow

92-годишен дедо нокаутираше двајца насилници среде улица

Читај повеќе

Koja е најдобрата положба за спиење кога имате настинка или грип?

Читај повеќе
  • play_arrow

Земи си мачка, да ти биде забавно дома

Читај повеќе
  • play_arrow

Корејски специјалитет: Месо потпечено со павлака и јајца

Читај повеќе