Пет работи за кои не треба да зборувате за време на секс

Зборовите имаат голема моќ. Може некому да му го разубават денот, може да повредат некого, да возбудат, но и да го одложат оргазмот.

По некој секси и безобразен коментар за време на сексот е сосема добредојден, ако и двајцата го сакате тоа, но на некои муабети не им е местото во кревет, особено не додека трае акцијата.

Ова се пет работи за кои не треба да зборувате за време на секс:

1. Не предлагајте нешто за кое и самите не сте сигурни

Иако ви се допаѓа помислата за анален секс, немојте да предлагате да го направите тоа за првпат додека веќе имате секс. Има можност да не ви се допадне или да не сте целосно подготвени за тој чекор, што само ќе го расипе овој возбудлив и страстен момент. Пред да експериментирате, разговарајте со вашиот партнер за вашите желби и подгответе го вашето тело и ум за експериментите.

2. Не зборувајте за домашните проблеми или за какви било обврски

Прашања како „Дали го нахрани кучето?“ не се дел од темите за разговор за време на секс. Кога водите љубов, избегнувајте да разговарате за децата или за домашните обврски и проблеми. Прифатете го сексот како релаксирачки чин во кој заборавате на сите товари и фрустрации.

3. Не делете фалби ако навистина не ги мислите

Не лажирајте оргазми и не кажувајте му на партнерот дека е најдобриот љубовник ако навистина не го мислите тоа. Ако го убедите дека направил нешто добро, ќе го охрабрите да продолжи да го прави, иако вам не ви се допаѓа тоа. Немојте да си го попречувате сами патот до добар секс и квалитетен оргазам.

4. Не го критикувајте изгледот на партнерот

Секогаш потсетувајте го вашиот партнер дека изгледа секси. Спалната соба е идеална за споделување комплименти! Но, секогаш задржете се на позитивните коментари. Запомнете дека истакнувањето на мааните секако нема да ве доведе до добар секс! Критиките кажете ги во друго време, на промислен начин, со најдобра намера.

5. Не почнувајте расправија

Отворените и искрени разговори се клучен дел од среќната врска. Сепак, има време и место за сè, затоа оставете ги вжештените дискусии надвор од креветот.

реклама

Принцот Филип беше против разводот на Чарлс и Дијана: Никој со здрав разум не би ја оставил за Камила

Read more

Текстилниот сектор пред колапс

Read more

Американски водител: Бил Гејтс мисли дека е Бог

Read more

Кои се голите девојки уапсени во Дубаи и кој стои зад сето тоа?

Read more

Љубов и секс

Хороскопски знаци кои важат за најљубоморни

Read more

Седум прашања за сексот што ги мачат луѓето во долги врски

Read more

Пет хороскопски знаци кои најтешко се заљубуваат

Read more

За што размислуваат мажите по сексот?

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци кои важат за најљубоморни

Читај повеќе

Смути од само неколку состојки за чистење на црниот дроб и цревата

Читај повеќе

Идеја за ручек: Печени пилешки прсти

Читај повеќе

Родени под среќна ѕвезда: Најталентирани хороскопски знаци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Запечени енчилади со пилешко и кашкавал

Читај повеќе
  • play_arrow

Ова е чипираниот мајмун на Илон Маск кој игра видеоигра со помош на неговите мисли

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Осум брзи и здрави идеи за појадок

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се држите до планот за здрава исхрана?

Читај повеќе