Пет романтични филмови идеални за гледање со саканата личност

Ни доаѓа есента, а со неа и долгите дождливи вечери кои е најдобро да се поминат со добар филм и во пријатна атмосфера.

Стуткани под топол покривач или во прегратка на саканата личност, ова се некои од најдобрите романтични филмови кои можете да ги гледате.

Titanic

Американска епска романска и филм за катастрофа, излезен во 1997 гопдина, кој го напиша и режираше Џерјмс Камерон. Во оваа измислена приказна за најпознатата пловидба и брод во целата човечка историја глумат Леонардо Дикаприо како Џек Досон и Кејт Винслет како Роуз ДеВит Букатер. Тие се фатални љубовници, засекогаш запаметени во филмската историја. Иако главните ликови и љубовната приказна се целосно измислени, во филмот се појавуваат и вистински историски личности.

Remote video URL
Pretty Woman

Филмот „Pretty Woman“ ја лансираше Џулија Робертс во орбитата на филмските ѕвезди! Станува збор за приказна за проститутка и бизнисмен, двајца луѓе од сосема различни светови кои наоѓаат нешто што би можело да ги насочи во иста насока. Ричард Гир е Едвард Луис, бескомпромисен бизнисмен кој патува во Лос Анџелес како дел од својата последна задача и решава да се опушти во друштво на проститутка. На неговиот повик одговара младата и убава Вивијан Вард (Џулија Робертс), која многу брзо му се допаѓа и ја кани да ја поминат цела недела заедно. На крајот, нивната врска се развива во сосема поинаква насока од планираната.

Remote video URL
The Notebook

Николас Спаркс е автор на романот „The Notebook“, кој ја раскажува љубовната приказна за еден војник, повратник од Втората светска војна, кој не можејќи да ја пронајде својата голема љубов од пред 15 години, мора да помине низ едно исто сеќавање што го има од неа, романтичното лето што го поминале заедно, сѐ додека ненадејно не ја здогледа... Според многу критичари и читатели, книгата е добра, но филмот е тој што целосно ја однесе публиката. Рајан Гослинг и Рејчел МекАдамс едноставно се истакнаа во филмот под диригентската палка на режисерот Ник Касаветес.

Remote video URL
You've Got Mail

Главните улоги во овој филм ги толкува нашата омилена двојка од 90-тите, Том Хенкс и Мег Рајан, кои овој пат глумат деловни ривали кои всушност низ целиот филм се натпреваруваат за, се разбира, да ја реализираат својата љубовна приказна во еден идиличен пресврт.

Remote video URL
Meet Joe Black

Филмот е исклучително успешна фантастична приказна за љубовта која успева да ја победи самата смрт. Него го потпишува американскиот продуцент и режисер Мартин Брест, авторот на филмот „Scent of a Woman“. Филмот ја раскажува приказната за Вилијам Периш (А. Хопкинс), богат и моќен бизнисмен, сопственик на медиумска империја, кој по смртта на неговата сакана сопруга го посветува својот живот на својата работа и на неговата обожавана ќерка Алисон (М.Г. Харден) и Сузан (К. Форлеини). Во пресрет на прославата на неговиот 65-ти роденден, тој доживува срцев удар за време на кој слуша непознат глас како го најавува неговото неизбежно заминување од овој свет.

Наскоро го посетува мистериозен странец со очигледно измислено име, Џо Блек (Б. Пит). Всушност, станува збор за ангелот на смртта кој дошол по уште едсна душа. Но, ангелот почнува да чувствува нешто што ниеден ангел никогаш не треба да го почувствува, а тоа е љубовта кон прекрасната ќерка на Периш, Сузан. Бидејќи ова чувство е взаемно и исклучително силно, рутинската задача на предвесникот на смртта се претвора во вистинска авантура.

Remote video URL
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе