Пет секојдневни навики кои ви предизвикуваат главоболки

Секогаш кога ќе почувствувате страшна главоболка вашиот мозок многу лесно почнува да мисли на најлошото што може да се случи, но тоа не значи дека главоболката е причинета од нешто сериозно.

Најчесто главоболките се појавуваат како резултат на секојдневни активности кои се штетни за вас, без вие да знаете за тоа. Воглавно, главоболките настануваат кога крвните садови, мускулите и нервите во вашата глава ќе станат премногу стимулирани.

Јадење на големи колични сувомеснати производи

Можеби звучи наивно и чудно да се каже дека обичен сендвич со кулен може да биде причина за главоболка, но внесувањето на поголема количина сувомеснати производи може да резултира во болки во главата. Главната причина за ова се нитратите, кои компаниите ги ставаат во месото за да спречат ширење на штетни бактерии.

Имате промени во спиењето или недостаток на сон

Некои главоболки се појавуваат како резултат на менување на креветот или душекот на кој спиете, па ако сакате да го задржите новото легло, тогаш ќе мора да живеете одредено време со главоболка. Сепак, таа ќе престане кога мускулите на телото ќе се навикнат на спиење на тоа место. Но, уште поголема причина за главоболки е недостатокот од сон. Затоа, пробајте да имате редовен и квалитетен сон.

Прескокнувате оброци

Понекогаш морате да прескокнете некој оброк поради обврска која не можете да ја одложите, но не дозволувајте тоа да ви прејде во навика. Прескокнувањето на оброци ќе ве остави гладни и може да предизвика дехидрација, а главоболката е начин на кој телото ви кажува дека правите нешто погрешно.

Имате лош став

Вашата мајка отсекогаш беше во право: многу е важно да стоите и седите исправено. Ова не го зборуваше само поради тоа што „децата ќе ти се смеат“, туку и поради тоа што правилниот став е многу важен за вашето здравје. Тој овозможува добра циркулација, со што се намалува ризикот од главоболки.

Можеби сте под стрес

Стресот е најголемиот причинител на неповикани главоболки а вие веројатно веќе го знаевте тоа. Иако не постои јасна врска која може да се објасни помеѓу стресот и главоболката, сепак докторите велат дека главоболките предизвикани од стрес ги напаѓаат луѓето кои имаат помала толеранција на болка од останатите. Како ефективен лек кој можете да го најдете секаде е чајот од валеријана, кој ќе ги опушти вашите мускули и ќе ви помогне полесно да се справите со стресот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе