Фановите на Стивен Кинг знаат дека според книгата „Pet Sematary“ е снимен филм во 1989 година, како и продолжение во 1992 година, но тоа не е причина да се направи и нова верзија во 2019 година.
Во фокусот е приказната за семејството Крид кое се доселува во зафрлено американско гратче. Прв сосед е старец кој крие мрачна тајна, а зад неговиот имот се наоѓаат гробишта на кои локалните деца ги закопуваат своите домашни миленици. Кога семејството ќе биде погодено од страшна трагедија, Луис Крид ќе открие што се крие зад гробиштата.
„Подобро е да се биде мртов, отколку да се вратиш. Тие кои се враќаат не се повеќе исти“, се слуша во трејлерот.
Во главните улоги се Џејсон Кларк, Ејми Сајмец, Џон Лајтгоу и други.
Премиерата во САД е закажана за 5 април.