Автомобили

Пет совети за самостојно одржување на автомобил

10. февруари 2020 - 17:51 | М.С.

Дали сами се грижите за вашиот автомобил или за негово одржување се грижи механичар?

Ова се неколку работи на кои треба да внимавате доколку сакате да го користите вашиот автомобил подолго време.

Редовно проверувајте го маслото

Доколку сакате вашиот автомобил да работи како што треба, треба да го контролирате нивото на масло. Тоа ќе го проверите така што ќе ја извлечете контролната шипка, ќе го избришете остатокот од маслото од неа, ќе ја вратите во моторот и потоа повторно ќе ја извадите за да ја проверите количината на масло во моторот.

Грижете се за гумите

Бројни перформанси во возењето зависат од гумите, нивната состојба и притисокот. Оттука е многу важно редовно одржување и следење на состојбата на гумите.

Не штедете пари кога станува збор за квалитетни гуми. 

Редовно чистете го автомобилот

Редовното чистење на вашиот автомобил ќе му го продолжи животот и ќе го заштити од појавата на ‘рѓа.

Доколку ја занемарите каросеријата, тоа може да има негативно влијание за вашиот автомобил. Редовно чистете го автомобилот, паркирајте го во гаража доколку имате, поправете ја и најмалата штета која ќе ја забележите на каросеријата.

Следете ги знаците на контролната табла

Дали секогаш кога го возите вашиот автомобил се појавува знак со светилка на контролната табла? Ова може да биде показател за едноставен проблем кој доколку не го игнорирате ќе ви заштеди време и пари.

Возете внимателно

Нешто што секојдневно може да го правите за да го одржувате вашиот автомобил е да возите внимателно. Опасното и брзо возење секако може да го уништи вашиот автомобил, а може да биде лошо и по вашиот и животот на учесниците во сообраќајот.

Коментирај