Пет технолошки трендови во 2021 за кои мора да бидете подготвени

Forbes издвои пет технолошки трендови за кои се смета дека во 2021 година сите би требало да бидат подготвени. Станува збор за трендови кои можат да бидат адекватен одговор на социјалните предизвици во новата реалност со пандемијата на COVID-19.

1. Вештачка интелигенција

Првиот тренд е вештачката интелигенција за која се претпоставува дека следната година ќе биде многу позначајна од претходно, а ќе им помогне на луѓето да го разберат светот во кој живеат.

Особено ќе биде значајна во борбата против пандемијата на коронавирусот. Алгоритамите на вештачката интелигенција би можеле да бидат софистицирано решение за проблемите и предизвиците предизвикани од пандемијата.

Меѓу останатото, употреблива е за следење на луѓето кои биле во контакт со заразена личност или за анализа на голем број податоци за пандемијата. Сите тие податоци се потребни на болниците и другите здравствени установи.

Секако, вештачката интелигенција ќе биде подеднакво корисна и во бизнисот, оваа технологија е особено применлива во разбирањето на потрошувачките навики на луѓето, со оглед на тоа дека сè повеќе активности се вршат онлајн.

2. Роботи, дронови и автономни возила

Во 2021 година дел од секојдневието сè повеќе ќе бидат и роботи, дронови и автономни возила. Самоуправувачките превозни средства особено ќе бидат застапени во јавниот превоз кој има сè повеќе корисници. Животот на луѓето ќе биде дополнително олеснет со поголемата употреба на роботи.

Ќе продолжи и трендот на се поголемо користење дронови. Се очекува значително да се зголеми нивната употреба за достава на медикаменти и други потреби.

3. Онлајн платформи

Онлајн платформите исто така ќе бидат повеќе популарни идната година, особено оние адаптираните според потребите на корисниците. Најдобар пример за тоа е Zoom платформата која овозможува вршење на различни активности.

4. 5G технологија

Кога станува збор за технолошките трендови во 2021 година мора да се спомене и 5G технологијата која не подразбира само побрз интернет туку отвора и низа можности како поголема автоматизација.

5. Виртуелна и проширена реалност

Сè повеќе се зборува за виртуелната и проширена реалност. И едната и другата исто така ќе бидат значајни ако продолжи пандемијата и во следната година.

Светот се менува со сè поголема брзина, а пандемијата со коронавирусот поттикна поширока примена на повеќе технолошки трендови за кои луѓето во иднина ќе треба да бидат подготвени.

Remote video URL
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе