Пет типови на мајки и нивното влијание врз децата

Психологот Стивен Полтер објаснува дека постојат пет типови на мајки и разјаснува како мајките влијаат на своите деца.

1. Мајка-перфекционист

Станува збор за мајки кои сакаат да имаат контрола над сите. Тоа се мајки кои се плашат од сè и многу се анксиозни. Поради тоа нивните деца се самокритични, имаат чувство дека не се доволно вредни и се прилично емоционално празни. Доброто е што децата на ваквите мајки стануваат многу одговорни, подоцна се посветени во врските и луѓето можат да сметаат на нив. Ја ценат работата и многу се упорни.

Лошата страна е што им се поважни мислењата на другите луѓе од сопствените и често имаат чувство дека целиот свет ги набљудува и ги осудува.

2. Непредвидлива мајка

Анксиозна, лута и претерано емоционална, оваа мајка често е преплавена со емоции така што и нејзиното однесување кон детето зависи исклучиво од нејзиното расположение. Овој тип на мајки е најхаотичен, тие прават проблеми, препреки и кризи во својот ум, низ емоциите во врските и тоа го пренесуваат на децата.

Добрата страна е што децата израснати со овие мајки се многу чувствителни кон другите. Умеат да ги мотивираат другите и да дадат емоционална поддршка на блиските.

Лошото е што растењето покрај личност со емоционални проблеми може да доведе децата да пораснат во лути, анксиозни или депресивни луѓе.

3. Мајка најдобра другарка

Оваа мајка ужива во тоа да ги третира децата како рамни на себе за да избегне одговорност со поставувањето граници. Таа верува дека животот би ѝ се променил на полошо кога целосно би прифатила сè што носи мајчинството, затоа ја избегнува таа улога. Кон детето се однесува како кон другарка, поради што малото нема вистинска мајчинска фигура во животот.

Овие деца разбираат дека е потребно да се постават граници во сите меѓучовечки односи, но поради тоа што немале вистинска мајчинска фигура многу рано учат да ја преземат одговорноста на себе како да се возрасни.

Лошото е што овие деца можат да се чувствуваат занемарено или да се плашат од одбивање.

4. Мајка од типот „Прво јас“

Според д-р Полтер, овој тип на мајки е најраспространет. Овие мајки не се способни да ги гледаат децата како посебна личност туку се фокусирани само на себе и многу се несигурни. Добрата страна е што овие деца стануваат одлични во поддржувањето на другите луѓе, ги разбираат сите видови на меѓучовечки односи, лојални се и знаат дека другите луѓе имаат свои потреби.

Лошата страна е што секогаш се сомневаат во способноста да донесат одлука, тешко им е да веруваат на сопствените чувства бидејќи се научени мислењето на мајката секогаш да  биде најважно.

5. Комплетна мајка

Според Полтер, само 10 проценти од мајките го достигнуваат овој идеал. Станува збор за мајка која ги комбинира најдобрите елементи од претходните четири типа. Таа е емотивно стабилна, сфаќа дека нејзиното дете е своја личност и му помага полека да стане независно.

Не е совршена мајка, но без оглед на сите емотивни околности, таа е целосно посветена на мајчинството и покрај сите обврски.

Децата на овие мајки често се чувствуваат сакано и разбираат дека понекогаш мора да ризикуваат, да ги прифатат промените и да иницираат врски без страв од одбивање.

Исто така, умеат да ги ценат луѓето и нивните перспективи. Добро се снаоѓаат во разни предизвици и не се емоционално „вплеткани“ со мајката.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе