Пет убави европски градови кои не влегуваат во најголемите туристички атракции

Целото внимание во Европа е посветено на Париз, Рим и останатите европски престолнини. Иако сите тие градови се доста возбудливи, сепак многу други градови кои се подеднакво убави остануваат во нивна сенка.

Погледнете за кои градови станува збор:

Фиренца, Италија

Позната и како колевка на ренесансата, Фиренца е елегантен град богат со уметност, историја и архитектура. Помалку е позната од најголемата италијанска туристичка атракција Рим, но реката Арно која тече низ Фиренца со пејсажите од густи шуми и црвени кровови, дефинитивно е нешто што исто така ќе ве остави без здив и вреди да се посети.

Лион, Франција

Само на два часа возење од Париз се наоѓа Лион, градот кој е една од најважните престолнини на храната во светот. Со повеќе од 4.000 ресторани, Лион е познат по кулинарството, но и преубавите градби со кои изобилува. Додека уживате во вкусната храна овде, но и во првокласното вино, едноставно нема ниту да помислите на Париз.

Порто, Португалија

Станува збор за многу помал и поинтимен град од Лисабон, но и визуелно поинтересен. Историските згради одземаат здив, а за некои од нив слободно може да се каже дека се уметнички дела, декорирани во илјадници нијанси. Неверојатната архитектура се пренесува и на ентериерот, па така задолжително треба да се посети книжарата Livraria Lello.

Солун, Грција

Крајбрежната метропола на Егејското море е вториот најголем град во Грција. Пријателски и опуштен град лоциран на самиот север, а кулинарската традиција која во него владее, како и мултиетничката позадина се отсликани во неговата кујна. Покрај морето се наоѓаат безброј ресторани и кафулиња, а целиот град поради своите знаменитости и историски остатоци од градби стари неколку векови, претставува еден голем музеј на отворено.

Минхен, Германија

Во Берлин можете да поминете неколку денови и воопшто да не бидете во допир со германската традиција. Во Минхен тоа е поинаку, а традицијата е многу важен дел од овој град. Пиво ќе се напиете во традиционалните германски кафулиња, па ќе добиете чувство како Октоберфест да трае цела година. Стариот град е исто така лесен за истражување, а безброј галерии и музеи ќе ви го одземат вниманието. Токму кога ќе се уморите од шетање, влезете во некој од рестораните кои се познати по тоа што експериментираат со светските кујни, односно нудат многу интересни и несекојдневни специјалитети.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе