Пет вештини кои работодавачите ги бараат во 2019 година

На почетокот од годината LinkedIn објави неколку корисни текстови со цел да им помогнат на вработените во напредокот на кариерата. Еден од нив открива кои работни вештини се бараат на пазарот на трудот, во наредниот период.

Фокусот е поставен на така наречените меки вештини кои помагаат соработка со други луѓе во деловен контекст, а не се поврзани само со една струка.

Авторите на истражувањето од LinkedIn, со анализа на податоци од корисници на нивната мрежа, дојдоа до следните пет меки вештини кои ќе бидат барани во 2019 година.

1. Креативност

Технологијата која користи вештачка интелигенција и машини можеби се добри во оптимизација на старите идеи, но единствено човечката ингениозност е во состојба да создаде нови идеи. Од таа причина, пронајдете начини да ја стимулирате својата креативност за да бидете подготвени во решавањето проблеми во иднината.

2. Способност за тимска работа

Колку што проектите се покомплицирани толку е побитно соработката меѓу вработените кои работат на нив биде подобра. Способноста за добра комуникација со колегите е секогаш на цена и ви гарантираме дека луѓето кои одлучуваат за вашата судбина во компанијата детално анализираат како соработувате со другите во канцеларија.

3. Талент за убедување

Добриот производ или услуга нема многу да значат ако не сте во состојба да ги убедите другите да го пробаат. Талентот за убедување не ви е потребен само за продажба туку и за комуникација со колегите и шефовите, од кои во крајна линија зависи вашата положба во компанијата.

4. Адаптирање

Светот се менува многу брзо, па и од вас се бара да се адаптирате на новите околности и секој ден да учите нови нешта поврзани со работата. Исто така, мора да бидете подготвени и на поинаква улога во фирмата од таа на која досега сте се навикнале. Новите проблеми бараат нови решенија, а само прилагодливите луѓе ќе можат адекватно да се соочат со нив.

5. Управување со времето

Кога еднаш ќе научите поефикасно да го трошите времето на работа, од тоа ќе имате корист до крајот на кариерата, дури и ако во меѓувреме ја промените професијата. Луѓето кои добро управуваат со своето време постигнуваат најдобри резултати.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе