Пет витамини и минерали важни во текот на зимските месеци

Со цел да останеме здрави, во текот на зимата се фокусираме да не излеземе од дома без топла облека, но исто така е важно да внесуваме витамини и минерали кои ќе помогнат при заштита од настинки и грип.

Идеално решение е да внесувате што повеќе хранливи материи, витамини и минерали, преку исхраната. Но, ако тоа не ви оди баш најдобро, тука се и додатоците во исхраната. Без разлика на кој начин ќе ги внесувате, овие пет витамини и минерали особено се корисни во текот на зимскиот период.

Витамин Д

Телото природно произведува витамин Д кога сме изложени на сончева светлина, а во зимските месеци тоа е малку отежнато бидејќи деновите се пократки. За среќа, постојат намирници богати со витамин Д како што се лосос, туна, скуша, печурки, јајца и слично.

Кога станува збор за додатоци во исхраната, внимавајте да не претерате со количината бидејќи високата доза може да предизвика проблеми со бубрезите. Затоа, најдобро е да се консултирате со матичниот лекар.

Витамин Ц

Иако за него често се зборува како да е волшебен витамин кој не држи среќни и здрави во текот на зимата, сепак не е толку чудотворен. Може да ја намали тежината на болеста, бидејќи го подобрува имунолошкиот систем.

Намирници богати со витамин Ц се портокал, пиперки, брокула, киви, кељ и слично, станува збор за витамин присутен во многу намирници, особено во овошје и зеленчук.

Железо

Милиони луѓе страдаат од недостиг на железо, што може да биде проблематични бидејќи се работи за минерал заслужен з производство на хемоглобинот, протеин одговорен за пренос на кислород низ организмот.

Кога не внесуваме доволно железо, чувствуваме слабост и умор. Во тој случај е важно да го зголемиме внесувањето. Намирници богати со железо се цвекло, семиња, џигер, црвено месо, грав и слично.

Во случај на анемија ќе ви биде дадена соодветна терапија, но сепак правилната исхрана е клучна за овој проблем.

Витамин Е

Недостигот на витамин Е не е толку чест, но нашата кожа во зимските месеци многу често се лупи, суши и чеша. Затоа е важно да користите лосиони за тело, збогатени со витамин Е со цел да се одржи здравјето на кожата.

Исто така, витаминот Е ги намалува црвенилото, воспаленијата и брчките.

Витамин Б

Постојат осум витамини Б кои заедно се нарекуваат Б комплекс. Тоа се тиамин (Б1), рибофлавин (Б2), ниацин (Б3), панотенска киселина (Б5), пиридоксин (Б6), биотин (Б7), фолат (Б9) и кобаламин (Б12).

Станува збор за супер витамини од кои секој има уникатна функција, а заедно се чувари на здравјето.

Храна богата со Б витамини; житарки од цело зрно, месо, мешунки, лиснат зелен зеленчук и слично.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Здравје

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more
 

Магазин

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе